За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Професионални печатачи за фотографии > PIXMA Pro9000 Mark II

Canon PIXMA Pro9000 Mark II
Професионални печатачи за фотографии

PIXMA Pro 9000 Mark II

Проширете ги вашите хоризонти и печатете со големина до A3+ и 14x17”. Постигнете професионално печатење во боја и во црно-бел формат на широк асортиман на медиуми – PIXMA Pro9000 Mark II ви нуди побрзо печатење и подобри резултати.

Карактеристики

  • Печатење од 10x15cm до A3+ и 14” широчина
  • Поддршка за сјајни, матирани, фини уметнички медиуми, платна и цврсти медиуми
  • 8 патрони со мастило за широка палета на бои
  • 16 битови по канал
  • Исклучително црно-бело печатење
  • Adobe PS Elements 6.0
  • FINE квалитет на печатење
  • Корекција на амбиенталното осветлување
A3+ фото печатач со професионален квалитет-дава побрзи и подобри резултати.



Професионално печатење до A3+ и 14" широчина
PIXMA Pro9000 Mark II ви овозможува живописно и детално печатење на широк избор медиуми и големини од 10x15cm до A3+ и широчина до 14” - совршен за изложување.

Слобода при изборот на медиум
PIXMA Pro9000 Mark II нуди печатење на широк избор на сјајни, матирани и фини уметнички медиуми од Canon. Алтернативно, постои поддршка за голем број медиуми од други фирми, меѓу кои се водечките производители како Hahnemuhle, Innova, Arches, Canson & Pictorico - така што само со еден печатар вие ќе добиете целосна слобода при изборот на медиум. Благодарение на рамната патека за печатење, можно е печатење на цврсти медиуми или сликарски платна со дебелина до 1,2мм.

8 патрони со мастило за широка палета на бои
Со 8-те единечни патрони со мастило, вклучувајќи и патрони со црвена и зелена боја, може да се постигне поширок спектар на бои. Практичните патрони со мастило кои можат одделно да се заменуваат, овозможуваат намалување на трошоците при печатењето.

FINE квалитет на печатење и 16 битови по канал
FINE главите за печатење на Canon се изработени со комплетен фотолитографски процес, а не со спојување, што нуди прецизно поставување и контрола врз секоја најмала капка мастило и висока резолуција од 4800x2400 dpi. Како резултат се добива печатење со врвни детали без зрнести текстури. Печатењето со 16 битови по канал создава рамномерна градација на тоновите при црно-белото печатење и печатењето во боја, овозможувајќи ви да извлечете максимум од вашите 16-битни слики.

Исклучително црно-бело печатење
За прекрасно класични црно-бели фотографии и постигнување фини градации на тоновите постои наменски режим за црно-бело печатење, додека напредното прилагодување на студените/топлите тонови е овозможено со Easy-PhotoPrint Pro додатокот. Префинетата машина за печатење исто така нуди брзо и квалитетно печатење во нијанси на сива боја.

Вклучени Adobe PS Elements 6.0 и Easy-PhotoPrint Pro додаток (plug-in)
За ефикасно фото уредување, вклучени се Adobe Photoshop Elements 6 и Canon Easy-PhotoPrint Pro додаток за Photoshop* или Digital Photo Professional, кој ќе ви овозможи прикажување на повеќе слики и прилагодување на параметрите за печатење и тоа само од еден екран.

Корекција на амбиенталното осветлување
Функцијата за корекција на амбиенталното осветлување* врши автоматско прилагодување на тоновите на боите за добивање на прецизен приказ на боите во светлинските услови под кои отпечатените слики ќе бидат изложени.

*само за Windows Vista

 Испечати ја оваа страница 

  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба