За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Рамни скенери > CanoScan LiDE 200

Canon CanoScan LiDE 200
Рамни скенери

LiDE 200

Интуитивен LiDE скенер со четири EZ тастери за фотокопирање, скенирање, е-пошта и PDF. Обезбедува високо квалитетна 4800dpi резолуција и 48-bit боја, со A4, 300dpi брзина на скенирање за само 14 секунди.

Карактеристики

  • Компактен, практичен дизајн
  • 4800x4800dpi A4 скенирање
  • Брзо 300dpi A4 скенирање
  • EZ тастери за фотокопирање, скенирање, е-пошта и креирање на PDF
  • Редуцирање на прашина и гребнатини
  • Режим за автоматско скенирање
  • Една USB конекција
Ефтин скенер за фотографии и документи кој му ја носи дома LiDE технологијата на обичниот корисник.



Детално скенирање
Скенирање на високо квалитетен документ и фотографија се обезбедува со резолуција од 4800x4800dpi. Скенерот исто така содржи 48-bit внатрешна длабочина на боја, што овозможува да се обезбеди високо ниво на фотографски детаљи, како и точна репродукција на боите, така што вашите оригинали секогаш изгледаат одлично.

Скенирање на A4 со голема брзина е возможно со 300dpi скенирани материјали за приближно 14 секунди.

Практичен стил
Скенерот е со компактен дизајн и доаѓа заедно со постолје на расклопување со цел да овозможи вертикално скенирање, така што тој не изгледа само добро туку исто така зафаќа и многу мал простор од бирото. Додавањето на современ Z-lid, дизајн со двојни шарки, го прави возможно скенирањето на дебели документи па дури и на книги.

Четирите EZ тастери кои ги опфаќаат поголемиот број на вообичаени функции што би му затребале на корисникот се дел од опремата на скенерот. Тастерите се за фотокопирање, скенирање, е-пошта и креирање на PDF - и извршувањето на секоја од овие функции сега е едноставно колку и притискањето на тастерот

Скенерот е поврзан со индивидуален USB кабел, што го прави лесен за инсталирање и употреба. USB кабелската конекција исто така значи дека нема потреба од AC адаптер за напојување на скенерот.

Креативни карактеристики
Низата карактеристики им помагаат на корисниците да искусат неверојатно искуство, меѓу што и Режимот за автоматско скенирање. Овој режим автоматски го препознава видот на оригиналот што сте го ставиле во скенерот - ова би можело да биде документ или фотографија - а потоа истиот го скенира и снима користејќи нагодувања кои се соодветни за оригиналот. Режимот за автоматско скенирање е одличен и едноставен процес кој функционира само со едно притискање.

За вашите фотографии исто така се достапни и отстранувањето на прашина и гребнатини, што ви овозможува да ги подобрите вашите слики. Тој автоматски ги намалува и прашината и гребнатините, и помага во реставрирањето на избледената боја од старите фотографи.

Софтвер
Софтверот кој е составен дел на скенерот содржи ArcSoft PhotoStudio и ScanGear. Софтверот MP Navigator EX го прави едноставно ракувањето со вашиот скенер и изведувањето на повеќето комплексни операции од вашиот компјутер или Mac.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Сродни производи
Скенирање на рамна површина со филм
Скенери со голема брзина на скенирање документи
Дигитални скенери на микрофилм
Читачи и печатачи со читачи
Читачи на микро-филм
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба