Квалитетно и продуктивно скенирање Скенирајте ги сите ваши фотографии и документи без напор, користејќи резолуција од 4800 x 4800dpi. Со својата внатрешна 48-битна длабочина на боја, овозможува снимање на фотографии со исклучително ниво на детали. Сензорот за слика и валјакот имаат еднаква широчина и обезбедуваат прецизна и квалитетна репродукција на сите ваши слики.
Брзо A4 скенирање со 300 dpi за само 10 секунди.
Компактен и стилски Скенерот се одликува со извонредно компактен и стилски дизајн, кои го прават привлечен додаток во секој дом. Исправениот држач завзема минимален простор на работната маса. А дизајнот со вграден капак овозможува скенирање на сите видови документи, како што се книги, без да ја наруши стилската естетика.
Едноставно користење Овој скенер ви ги олеснува задачите благодарение на 5-те функциски копчиња на допир. Копчето за автоматско скенирање автоматски го препознава типот на оригиналот и овозможува скенирање на вашите фотографии и документи со само едно кликнување. На сличен начин, копчињата за копирање, праќање e-mail и двете копчиња за создавање PDF придонесуваат за неговата едноставност.
Подобрувања на сликата кои заштедуваат време За вашите фотографии е достапна опција за отстранување на прав и гребнатини, која овозможува подобрување на сликите. Таа автоматски ги намалува правта и гребнатините, а помага и во обновувањето на избледените бои на старите фотографии. Auto Document Fix е технологија која одделно го подобрува текстот, графиката и сликите кај скенираните документи. Во останатите функции кои заштедуваат време спаѓаат Auto Photo Fix II и Solution Menu EX.
Напојување преку USB Скенерот се поврзува и напојува со еден USB кабел, минимизирајќи ги каблите и нередот кој го создаваат.
|