Скенирање со висока резолуција Со максимална резолуција од 4800x9600dpi, овој скенер со современа CCD технологија има капацитет да обезбедува скенирани материјали со многу високо ниво на чистота, фотографски детаљи и со точна репродукција на бојата. 48-bit инпут обезбедува точност во боите и го извлекува најдоброто од вашите слики во секое време.
Скенерот има капацитет да креира 300dpi A4 скенирани материјали за значително кратко време од приближно 11 секунди.
Супериорна функционалност И скенирањето на 35mm филм и скенирањето на слајдови е со исклучителен квалитет. Постои можност да се скенира филм директно во вашиот компјутер или Mac.
Оние што користат скенирање на филм ќе имаат корист од шест-рамковната поддршка за 35mm лента (негатив-позитив) и четири-рамковната поддршка за 35mm слајд (негатив/позитив).
Вклучувањето на високо светлечка бела LED диода за рефлективно скенирање исто така значи брзо работење. Ова на идеален начин е демонстрирано преку нула времето за загревање, така што нема потреба корисникот да чека наоколу пред да започне со скенирањето.
Лесен за користење Ова е софистициран скенер со многу креативни функции, но сепак лесен за употреба. Има седум EZ тастери - сите тие се наоѓаат на предниот дел од скенерот - и овозможуваат највообичаените задачи да се извршуваат само со едно притискање. Тастерите се за фотокопирање, скенирање, е-пошта и креирање на PDF. Тастерите можат исто така да бидат конфигурирани од страна на корисникот за да одговараат на неговите индивидуални желби.
Режимот за автоматско скенирање е уште една креативна, а сепак директна каратеристика. Скенерот автоматски детектира што ќе скенира - документ или фотографија - и тоа го скенира и снима користејќи нагодувања кои се соодветни за оригиналот. Ова може да се комплетира од менито на софтверот со едно притискање.
Поврзување Скенерот е опремен со интерфејс на USB со голема брзина кој помага да се зголеми продуктивноста и брзината на скенирањето. За напојувањето, во производот е вграден AC адаптер.
Софтвер Заедно со скенерот доаѓа и богат софтвер кој вклучува MP Navigator EX (за лесно работење со најсложените операции на скенерот), ScanGear и исто така ArcSoft PhotoStudio.
|