Директно приклучување на проектор XGA приказот со висока резолуција е идеална за директно поврзување на проектор или на друг уред за прикажување. Визуелизаторот зафаќа слики на документи и 3D предмети со висок квалитет, со остра резолуција од 1024 х 768 пиксели. Сликите се продуцираат со 15 кадри во секунда, така што дури и подвижните предмети се прикажуваат рамномерно.
Големо зголемување Објективот на Canon со 12x моторизирано зумирање овозможува малите предмети да се прикажуваат со фини детали. Овој моќен објектив со зумирање дава совршен приказ на цел екран, дури и за предмети со големина од 31,5 х 23,7mm.
Висок квалитет на слика Добијте го најдобриот квалитет на слика за своите презентации. Прогресивен сензор за скенирање CCD, со 850.000 пиксели ги зафаќа најфините детали како на 3D предмети така и на оригинали во А4.
Целосно автоматски приказ на слика Постигнете оптимален квалитет на сликата без никакви комплексни рачни прилагодувања. Автоматското фокусирање, автоматската експозиција и автоматскиот баланс на белата боја се контролираат целосно автоматски и независно.
Високо ефикасен систем на осветлување со двојна цевка. Двојните флуоресцентни цевки обезбедуваат рамномерно и природно бело осветлување. Совршено осветлете ги документите, па дури и комплицираните тридимензионални предмети. Овие високо ефикасни флуоресцентни цевки од 6W трошат минимум струја и емитуваат минимум топлина. RE-455X е и еколошки поднослив и крајно економичен за ракување.
Практично префрлување слики Приклучете му на визуелизаторот компјутер и префрлувајте се помеѓу двата со само еден допир на копче. Функцијата на префрлување слики на Canon ви овозможува лесно и колку што е потребно да ги сменувате изворите на сликата.
Режим на бела хартија Осветлете ја позадината на документите до побела боја, за појасна визуелизација. Во овој режим и текстот се појавува поостро.
Големо подрачје на снимање На таблата на визуелизаторот има место за голем избор предмети. Може да се прикажуваат 3D предмети со големина до 306 x 230mm, а површината е совршена за оригинали во А4.
Режим на неподвижна слика Замрзнете некоја одредена слика за продолжено испитување од страна на публиката. Неподвижната слика останува на екранот додека не се притисне некое копче.
One-Shot автоматско фокусирање Добијте моментално фокусирање за оригинали во А4 со само едно притискање на копче. Ова е особено корисно при често менување на предметите.
Компактен дизајн со преклопување Транспортирајте и чувајте го визуелизаторот со леснотија. Тој може да се склопи во компактна единица и лесно да се носи во една рака, благодарение на вградената рачка.
|