Поддршка за напојување преку Ethernet Намалете ги трошоците и комплицираноста на инсталирање на камерата со помош на поддршката за Ethernet. Кога е поврзана на мрежа компатибилна со PoE, VB-C50FSi се напојува директно преку кабелот за LAN. Не е потребен извор на струја на местото на инсталирање. Ова овозможува и разновидно поставување на камерата.
Моќна способност за зумирање Оригиналниот објектив на Canon со 26x моторизирано зумирање, со 12х дигитално зумирање, произведува слики во крупен план. Извонредните детали овозможуваат високо ниво на набљудување од далеку. CCD со 400K пиксели овозможува јасно и точно гледање, без никакво губење детали.
Рамномерна подвижна слика зафаќајте слики со до 25 кадри во секунда, за рамномерна подвижна слика. Резолуција од 768 x 576 пиксели гарантира пренос со висок квалитет. Квалитетот на видеото и стапката на кадрите може слободно да се постави за да одговара на ширината на опсегот на мрежата и да произведува природни слики. Допрете до 50 корисници истовремено, обезбедувајќи притоа јасна и остра слика.
Одлична способност при слабо светло Способноста при слабо светло овозможува работа во боја дури до 1 лукс. Опцијата на ноќен режим зафаќа црно-бели слики дури и во тотална темница, кога се користи со надворешно инфрацрвено осветлување.
Изборен аудио влез Испраќајте аудио сигнали преку мрежата, преку изборниот VB-EX50 мулти-терминален модул. Емитувајте предупредување до натрапниците или добредојде на посетителите.
Решение со ниска цена Ова решение се-во-едно овозможува безбедносно надгледување по ниска цена. И фиксно монтираната мрежна камера и Веб-серверот се сместени во компактна и стилска единица. Веднаш започнете со репродукција на видео во реално време, за високи перформанси со минимална инвестиција.
Едноставно ракување Софтверот за далечинско управување овозможува лесно користење. Ракувањето е преку програмата за прикажување WebView (само компјутер), на Canon, или преку Java (PC, Mac и Unix).
Со сите опции Опцијата за откривање движење ,може да се користи за испраќање е-пошта со известување или за активирање на надворешни уреди кога ќе се открие движење. 26-полен мулти-приклучок овозможува лесно поврзување на периферните уреди, преку VB-EX50 мулти-терминалниот модул. Ова вклучува сензори, брава на вратата или поврзување на надворешен монитор.
|