Најдобра класа на оптика Првата мегапикселна мрежна камера од Canon нуди 20x зум и хоризонтален агол на гледање од 55,4° во најмалото, најдискретно куќиште во својата класа. VB-M40 нуди спој од технологиите CMOS, DIGIC NET и технологијата на објективи од Canon за добивање на најнапредна мрежна камера. За прв пат досега, Canon ја воведува својата CMOS технологија во мрежните камери, а DIGIC NET ѝ овозможува на VB-M40 да проследува при резолуција од 1280x960 со 30 слики во секунда за H.264, компресиран формат кој нуди комбинација од висок квалитет и стапки на висока компресија. Нејзиниот објектив со 20x зум и автоматски фокус кој е водечки во индустријата, во комбинација со механизмот за хоризонтално движење од 340° и закосување од 100°, обезбедува прецизни слики со висока резолуција. VB-M40 нуди извонредни резултати при слаба осветленост со перформанси при слаба осветленост од 0,6 лукси во боја и 0,06 лукси во црно-бело. Освен тоа, дневната/ноќната функција со филтер за отсекување на инфрацрвени зраци и интелигентната контрола на сенки овозможуваат најдобар квалитет на сликата во секакви околности.
Интелигентни апликации за набљудување VB-M40 може да се смести во пазарот за набљудување од средна до висока класа како на пример: управување на сообраќајот, градско набљудување, продажба, транспорт, логистика и производство. Четирите вградени функции за аналитика на видео содржини овозможуваат откривање на неовластено ракување со камерата, препознавање на преместени објекти, отстранети објекти и напуштени објекти. Откривањето на звук ѝ овозможува на камерата да открие промени во јачината на звукот. Функциите за откривање може да се подесат да активираат снимање и вчитување на сервер или известување преку e-mail.
Напредно поврзување Интегрираниот звук во два правци (двонасочен) овозможува лесно поврзување на микрофон и активен звучник. На тој начин може да се добие звук во живо од местото каде што е поставена камерата и да се пренесе предупредувачка порака до потенцијалните натрапници.
Компатибилност со ONVIF Уредот го поддржува протоколот за комуникација ONVIF и нуди компатибилност со голем опсег на опрема од 3-ти производители која е компатибилна со ONVIF.
Разновидни опции за инсталирање VB-M40B едноставно се инсталира на тавани или во вертикална позиција и нуди голема ефикасност во однос на потрошувачката на енергија. Камерата поддржува напојување преку Ethernet и конвенционално напојување. VB-M40 може да се монтира во секое изборно заштитно куќиште во вид на купола за внатрешни и надворешни услови, при што може да изберете: заматена купола за дискретно прикривање на агол од камерата; проѕирна купола за максимални перформанси во услови со слабо осветлување. Софтверот Admin Tools е вграден и за него не е потребна инсталација, а вградената SD мемориска картичка зачувува архива од безбедносните записи, со што ја подобрува сигурноста.
|