Фиксната камера во купола VB-M600D нуди 1,3 MP со видно поле од 100°, извонредни перформанси при слаба осветленост и вградена aналитика на видео содржини. Идеални за користење во затворени простории, следење и снимање 24 часа на ден.
|
Високи оптички перформанси Со извонредно широкото хоризонтално видно поле од 100°, 3x зум и осветленост F1,2, VB-M600D е идеална за снимање на слики со висока резолуција. Опремена со електронски систем за зумирање со фокус во позадина, сликите остануваат во фокус дури и при зумирање. Користејќи ги процесорот DIGIC NET и дневниот/ноќниот филтер за отсекување на инфрацрвени зраци од Canon, таа дава извонредни резултати во услови со слаба осветленост и снима слики во боја со дури 0,4 лукси и црно-бели слики во ноќен режим со дури 0,01 лукси.
Висококвалитетно видео DIGIC NET, кој се одликува и со интелигентна контрола на сенки, овозможува истовремено проследување на Motion JPEG и H.264 видео со висока резолуција со брзина до 30fps и 1,3MP (1280x960). Компресираниот формат H.264 нуди комбинација од висок квалитет и висока стапка на компресија кои овозможуваат мало оптоварување на мрежата и меморискиот простор.
Интелигентни функции Четирите вградени функции на VB-M600D за аналитика на видео содржини овозможуваат откривање на неовластено ракување со камерата, препознавање на преместени објекти, отстранети објекти и напуштени објекти. Откривањето на звук ѝ овозможува на камерата да открие промени во јачината на звукот. Функциите за откривање може да се подесат да активираат снимање и вчитување на сервер или известување преку e-mail. Со функцијата за прикривање на приватноста можете да блокирате доверливи зони.
Компатибилност со ONVIF Уредот го поддржува протоколот за комуникација ONVIF V1.02, правејќи го компатибилен со друга опрема од 3-ти производители која не е компатибилна со ONVIF.
Лесна инсталација и поставување Конфигурирањето на камерата е лесно со користење на софтверот Admin Tools кој е вграден во камерата. Електричен прилагодлив механизам им овозможува на корисниците да ги прилагодат подесувањата за поместување/закосување/ротирање/зумирање преку оддалечен компјутер, при што заштедувате време во фазата за инсталација/подесување.
*ONVIF е заштитен знак на ONVIF Inc.
|