Напредна отпорност на вандализам и IP66 дизајн Со надворешно куќиште од алуминиумска легура и цврста купола со обвивка од поликарбонат, фиксната камера VB-M600VE со 1,3 MP е отпорна на удари, а воедно ги задоволува и IP66 стандардите за отпорност на прав и вода, кои ја прават идеална за надворешна употреба. Одликувајќи се со нов механизам со амортизери на фотоапаратот, во случаи со силни удари до 50 џули, објективот може да се повлече до 15mm за да се избегне оштетување. Со опсег на работна температура од -10°C до 50°C, VB-M600VE дава извонредни резултати во сурови услови, а опремена е со механизам за намалување на магла и изборен уред за затоплување во места со поладна клима - функционирајќи на ниски температури до -30°C.
Високи оптички перформанси Со извонредно широкото хоризонтално видно поле од 100°, 3x зум и осветленост F1,2, VB-M600VE е идеална за снимање на слики со висока резолуција. Опремена со електронски систем за зумирање со фокус во позадина, сликите остануваат во фокус дури и при зумирање. Користејќи ги процесорот DIGIC NET и дневниот/ноќниот филтер за отсекување на инфрацрвени зраци од Canon, таа дава извонредни резултати во услови со слаба осветленост и снима слики во боја со дури 0,4 лукси и црно-бели слики во ноќен режим со дури 0,01 лукси.
Висококвалитетно видео DIGIC NET, кој се одликува и со интелигентна контрола на сенки, овозможува истовремено проследување на Motion JPEG и H.264 видео со висока резолуција со брзина до 30fps и 1,3MP (1280x960). Компресираниот формат H.264 нуди комбинација од висок квалитет и висока стапка на компресија кои овозможуваат мало оптоварување на мрежата и меморискиот простор.
Интелигентни функции Четирите вградени функции на VB-M600VE за аналитика на видео содржини овозможуваат откривање на неовластено ракување со камерата, препознавање на преместени објекти, отстранети објекти и напуштени објекти. Откривањето на звук ѝ овозможува на камерата да открие промени во јачината на звукот. Функциите за откривање може да се подесат да активираат снимање и вчитување на сервер или известување преку e-mail. Со функцијата за прикривање на приватноста можете да блокирате доверливи зони.
Компатибилност со ONVIF Уредот го поддржува протоколот за комуникација ONVIF V1.02, правејќи го компатибилен со друга опрема од 3-ти производители која не е компатибилна со ONVIF.
Лесна инсталација и поставување Конфигурирањето на камерата е лесно со користење на софтверот Admin Tools кој е вграден во камерата. Електронскиот механизам за прилагодување им овозможува на корисниците да ги прилагодат подесувањата за поместување/закосување/ротирање/зумирање преку оддалечен компјутер, при што заштедувате време во фазата за инсталација.
*ONVIF е заштитен знак на ONVIF Inc.
|