Високи оптички перформанси Со извонредно широкото хоризонтално видно поле од 100°, 3x зум и осветленост F1,2, VB-M700F е идеална за снимање на слики со висока резолуција. Опремена со електронски систем за зумирање со фокус во позадина, сликите остануваат во фокус дури и при зумирање. Користејќи ги процесорот DIGIC NET и дневниот/ноќниот филтер за отсекување на инфрацрвени зраци од Canon, таа дава извонредни резултати во услови со слаба осветленост и снима слики во боја со дури 0,4 лукси и црно-бели слики во ноќен режим со дури 0,01 лукси.
Висококвалитетно видео DIGIC NET, кој се одликува и со интелигентна контрола на сенки, овозможува истовремено проследување на Motion JPEG и H.264 видео со висока резолуција со брзина до 30fps и 1,3MP (1280x960). Компресираниот формат H.264 нуди комбинација од висок квалитет и висока стапка на компресија кои овозможуваат мало оптоварување на мрежата и меморискиот простор.
Интелигентни функции Четирите вградени функции на VB-M700F за аналитика на видео содржини овозможуваат откривање на неовластено ракување со камерата, препознавање на преместени објекти, отстранети објекти и напуштени објекти. Откривањето на звук ѝ овозможува на камерата да открие промени во јачината на звукот. Функциите за откривање може да се подесат да активираат снимање и вчитување на сервер или известување преку e-mail. Со функцијата за прикривање на приватноста можете да блокирате доверливи зони.
Компатибилност со ONVIF Уредот го поддржува протоколот за комуникација ONVIF V1.02, правејќи го компатибилен со друга опрема од 3-ти производители која не е компатибилна со ONVIF.
Лесна инсталација Нејзиниот опсег на работна температура, кој се движи од -10°C до 50°C, ја прави VB-M700F идеална за надзор во затворени простории и на отворено. Целосно компатибилни со куќиштата за надворешни услови, заштитната плоча на објективот може да се отстрани со одвртување на една завртка, отстранувајќи ја потребата од два слоја на објективот за задржување на квалитетот на сликата. Конфигурирањето на камерата е лесно со користење на софтверот Admin Tools кој е вграден во камерата.
*ONVIF е заштитен знак на ONVIF Inc.
|