VB-C300 е опремена со AF објектив на Canon, со широк агол, со 70° видно поле и 2,4x зумирање. Прогресивното скенирање, одличните перформанси при слабо светло и поддршката за аудио, ја прават совршена за примена при надгледување.
|
Објектив со широк агол VB-C300 е опремена со оригинален Canon објектив со широк агол и автоматско фокусирање, за извонредна јасност и за 70° видно поле, водечко во класата.
Ултра-широко покривање Со опсег на швенк од 340° и нагиб од 115°, дополнети со 2.4x оптичко зумирање, VB-C300 обезбедува целосно хоризонтално покривање од 360°. Позиционирањето, зумирањето и фокусирањето можат далечински да се регулираат преку компјутер.
Видео со висок квалитет Испорачувајќи видео со прогресивно скенирање, со висок квалитет, со 25 кадри/сек, VB-C300 произведува рамномерни слики, дури и кога предметите се движат брзо.
Извонредни перформанси при слабо светло Способна да произведува слики во боја при слабо светло од 1 лукс, штом нивото на амбиенталното светло опадне, VB-C300 автоматски се префрлува во ноќен режим - продолжувајќи да произведува остри, чисти црно-бели слики дури до 0.25 лукса.
Целосна двонасочна аудио поддршка Пренесувајте аудио во живо, до и од местото на камерата. Корисниците можат да ја поврзат VB-C300 на звучник и да пренесат вербално предупредување до натрапниците.
Компатибилна со Power over Ethernet (PoE) PoE компатибилноста (IEEE 802.3af) овозможува лесна е економична инсталација. Едноставно приклучете ја VB-C300 на соодветен мрежен кабел и таа ќе работи без потреба од надворешен извор на напојување.
Вградени терминали за поврзување надворешни уреди Вградените терминали ви овозможуваат да ја поврзете VB-C300 на мноштво дополнителна опрема за обезбедување, нудејќи интеграција со уреди, како аларми за натрапници и електронски часовници.
Четири опции за инсталирање VB-C300 може да се монтира исправено, превртена или во изборна хауба во плафонот, достапна со зачадена или проѕирна завршна обработка.
|