Извонреден капацитет на зумирање, за зафаќање на секој детаљ Со 26x оптичко зумирање, обезбедено со Canon телефото објектив, комуникациската камера VC-C50i произведува екстремни слики во крупен план. Понатаму, 12x дигитално зумирање овозможува некое подрачје електронски да се зголеми заради детално испитување. Подобрениот оптички систем се базира на долгото наследство на Canon во технологијата на објективи - што ги прави овие камери идеални за примена при критично надгледување, каде што точноста и прецизноста се суштински.
Величествени перформанси во услови на слабо светло
Камерата може да испорача слики во боја и кога работи во услови на многу слабо светло - дури до 1 лукс - благодарение на јасниот f/1.6 објектив и малата брзина на затворачот. VC-C50i може да произведува и црно-бели слики во тотален мрак (0 лукса), со помош на инфрацрвениот ноќен режим. Вградениот ЛЕД илуминатор обезбедува опсег на гледање до 3 метри, покажувајќи предмети, кои не се видливи со голо око. Дополнително инфрацрвено светло може уште повеќе да го зголеми опсегот на гледање.
Зголемен опсег со кристално јасни снимени слики
VC-C50i е опремена со механизам за швенк и за нагиб, со широк опсег на швенк, од 200°, и на нагиб, од 120°. Камерата има 9 предефинирани положби, кои ги контролираат аглите на камерата, како и нагодувањата за зумирање и за АЕ. CCD со 400K пиксели обезбедува рамномерно и остро снимени слики. Плус, автоматското намалување на шумовите уште повеќе го подобрува квалитетот, обработувајќи ја сликата пред преносот.
Напредно поврзување за лесна интеграција
Единечен 20-пински мулти-конектор служи за S-Video и за RS-232C контролни сигнали. Ова обезбедува брзо и лесно поврзување кон други уреди, за едноставна интеграција во вашиот постоечки систем, со минимално положување кабли. Каскадно помошен елемент овозможува взаемно поврзување на 9 камери, преку интерфејсот RS-232C. Камерите се целосно компатибилни со серверот за камери VB150, на Canon. Покрај ова, иако камерата може да се поврзе на компјутер домаќин или на сервер, обезбеден е и инфрацрвен далечински управувач, овозможувајќи му на операторот локална контрола на PTZ функциите.
|