Елегантниот Digital IXUS 990 IS располага со оптички зум од 5x за импресивен телефото домет. Снимајте фотографии од 12 MP сосема едноставно со помош на бројните интелигентни технологии, или пак снимајте извонредни HD видео содржини.
Опфатете повеќе содржини во вашиот кадар со 12,1 MP Digital IXUS 110 IS. Комбинацијата на широкоаголен објектив и 16:9 LCD екран со широк формат ви нуди стилски начин за снимање на прекрасни фотографии и HD видео.
Digital IXUS 100 IS се одликува со исклучителен стил и ултра тенок облик. Снимањето прекрасни фотографии е сосема едноставно со помош на повеќе интелигентни технологии од Canon, а тие се дополнети со неверојатното HD видео.
Digital IXUS 95 IS ви нуди комбинација на бескомпромисен стил и одлична вредност за вложените средства. Едноставната употреба се постигнува преку интелигентниот автоматски режим, кој ја користи технологијата за откривање на сцената за интелигентно оптимизирање на параметрите.
Со помош на широкоаголниот објектив од 28mm и зумирањето од 12x, компактниот PowerShot SX200 IS нуди снимање на пејзажи или оддалечени објекти со извонредни детали. Помеѓу другите возбудливи особини се и интелигентниот автоматски режим и снимањето на HD видео.
Водоотпорен и издржлив при удари и потреси, PowerShot D10 ќе ги дополни вашите надворешни активности со квалитет на сликата од 12,1 мегапиксели. Ослободете ги рацете, задржувајќи ја достапноста на апаратот со помош на изборот дополнителна опрема.
PowerShot A2100 IS ви нуди 12,1 мегапиксели и оптички зум од 6x во апарат со компактен дизајн. Интелигентниот автоматски режим или едноставниот режим, и технологијата за откривање на сцената од Canon ќе му овозможат на кој било корисник да снима одлични фотографии.
Практичниот PowerShot A1100 IS нуди функции за откривање на сцената, откривање на лице и откривање на движење за оптимизирање на параметрите и добивање на врвни резултати – користењето речиси се сведува на насочување и фотографирање.
Дизајниран за архитектонско фотографирање, TS-E 17 MM F/4L се одликува со ниско изобличување и извонредна острина од едниот до другиот крај на сликата. Независното ротирање на механизмите за закосување и поместување овозможува поширока примена.
TS-E 24 mm f/3,5L II се одликува со фина изработка за добивање на слика со врвен квалитет низ целата слика. Независното ротирање на механизмите за закосување и поместување ви нуди максимална креативна слобода.
MX860 е извонреден "сè-во-едно" уред за канцелариско или домашно користење со факс, двостран ADF механизам за 35 листови за сериска обработка, Wi-Fi и етернет поврзување. Деловни функции во комбинација со печатење со фото-лабораториски квалитет.
Повеќе можности за вашето деловно работење со овој "сè-во-едно" инк-џет уред за печатење, скенирање, копирање и испраќање факсови. ADF механизмот за 30 листови нуди зголемување на продуктивноста, додека 4,5cm TFT екранот во боја овозможува самостојно користење.
Повеќефункцискиот, компактен "сè-во-едно" MX320 инк-џет уред ќе ви овозможи намалување на трошоците преку професионално печатење, копирање, испраќање факсови и скенирање, со ADF со 30 листови за дополнително зголемување на продуктивноста.
Овој компактен ласерски печатар во боја со можност за поврзување во мрежа е идеален за малите работни групи кои имаат потреба за брзо професионално печатење во боја, дополнето со продуктивно автоматско двострано печатење и енергетска ефикасност.
Супер G3 JX510P претставува брз и целосно опремен факс, телефон и дигитална телефонска секретарка со можност за печатење преку PC, кој е идеален централен уред за вашите факс комуникации.
Компактен и со прифатлива цена, JX210P ќе ги покрие сите ваши потреби за факс нудејќи ви UHQ обработка на сликата за појасни факсови. Уредот располага со механизам за снабдување со 100 листови, функција за печатење од PC и ADF механизам за 20 листови за поголема практичност.
Со својот генијален дизајн со 3 позиции и капак со можност за завртување за 180°, LiDE 700F ќе ви овозможи скенирање со висока резолуција во простори со секаква големина. Скенирајте 35mm филмови со резолуција до 9600dpi, со исклучителни детали и врвно зголемување.
Стандардната WXGA резолуција кај LV-8300 е идеална за користење со компјутери со широк екран. Соодносот на контрастот од 500:1 и осветленоста од 3000 лумени овозможуваат јасни и остри презентации, додека автоматските функции нудат брзо поставување.
LV-7375 со своите 3500 лумени е најсветлиот проектор во рамките на ултра преносливата LV серија. Сместен е во стилско куќиште со современ дизајн, додека стандардната XGA резолуција овозможува проектирање на голема слика.
LV-7370 нуди комбинација на излезна моќ од 3000 лумени, разноврсна XGA резолуција и подобрена функционалност. Ергономскиот дизајн и автоматските функции овозможуваат лесно користење и поставување.
Основен модел на XGA проектор кој се одликува со моќни 2600 лумени и сооднос на контрастот од 500:1 за добивање на висококвалитетна слика. Практичните контроли го прават овој проектор да биде идеален за примена во деловни, едукативни и мобилни сценарија.
Овој компактен, брз, црно-бел дигитален копир за поставување на маса нуди двострано копирање, печатење и скенирање, овозможувајќи зголемување на продуктивноста во помалите динамични канцеларии. Тој е едноставен за користење и енергетски ефикасен.
Достапен, интуитивен и забавен, PowerShot A480 ги користи технологијата и искуството на Canon за да им овозможи снимање на прекрасни 10 MP фотографии на сите корисници. Достапен во четири бои, тој се одликува со компактен лесен дизајн за практично сместување во вашиот џеб.
Одликувајќи се со LCOS технологија и стандардна SXGA+ резолуција, XEED SX800 ви нуди извонредна слика по прифатлива цена. Објективот на Canon со 1,5x зум овозможува флексибилно поставување и совршена геометрија на сликата.
Стилската и компактна LEGRIA HF20 овозможува складирање на преку 12 часа HD видео содржини на внатрешната меморија. Камерата ќе можете да ја носите со себе насекаде, а функциите како Pre REC и кусите видео записи ќе ви овозможат забавно и едноставно снимање.
Доволно мала за да можете насекаде да ја носите со себе, LEGRIA HF200 ви нуди снимање на врвно Full HD видео директно на SDHC мемориски картички – тие се идеални за споделување со пријателите или за преснимување на интернет.
LEGRIA HF S10 е HD видео камера која нуди комбинација на професионалната обработка на слики со предностите на двојната флеш меморија. Напредните контроли ќе ви овозможат снимање на неверојатно остри и детални слики.
LEGRIA HF S100 овозможува снимање на Full HD видео на SDHC мемориски картички кои се идеални за споделување. Бројните напредни карактеристики се комбинираат со 8.0MP CMOS сензорот и DIGIC DV III процесорот за добивање на слика со врвен квалитет.
LEGRIA HV40 е High Definition камера за врвните сниматели, која ви нуди флексибилност за реализирање на вашите креативни визии. Можна е рачна контрола на различни параметри со помош на контролното вртливо копче со можност за доделување.
LEGRIA FS22 со мегапикселски сензор ќе ви овозможи снимање на 21 час видео содржини на внатрешната меморија од 32GB – но можете да снимате и на SDHC картичка. Режимите за куси видео записи, двојно снимање и Pre REC ќе ви понудат забавно и едноставно снимање.
Со LEGRIA FS21 вие ќе можете да складирате преку 10 часа видео содржини на внатрешната флеш меморија од 16GB. Создавањето врвни видео снимки е лесно благодарение на режимите за куси видео записи и Pre REC снимање. За уште подолго време на снимање, користете SDHC мемориски картички.
Доволно мала за да ја носите насекаде со вас, LEGRIA FS20 ви овозможува да снимите преку 5 часа видео содржини на вградената флеш меморија од 8GB. Алтернативно, снимајте директно на мемориска картичка – совршено за споделување.
Како камера која е совршена за да ја понесете со себе, LEGRIA FS200 нуди директно снимање на мемориска картичка – идеално за споделување со пријателите. Снимањето е забавно и едноставно со помош на режимите за куси видео записи, Pre REC и двојно снимање.
DC420 нуди комбинација на практично снимање директно на DVD диск и видео со мегапикселски квалитет – за добивање на извонредна слика. Бројните функции ќе ви го олеснат снимањето и споделувањето на вашите видео содржини.
Снимајте директно на DVD диск во вистински широк формат со помош на 41x напредниот зум на Canon. DC410 дури ќе ви овозможи и да снимате врвен звук благодарение на влезниот приклучок за микрофон.