Одете на почетната страница на Канон
Прелистајте ги вашите омилени производи на Канон и дознајте повеќе за нашите канцелариски решенија
Погледнете го нашиот возбудлив спектар на производи за корисници на професионални и домашни производи
Дознајте како Канон може да ви помогне да пронајдете совршено решение за вашата деловна активност
За сите информации за организацијата Канон
Детали за контакти во врска со глобалните активности на Канон
Целата техничка и друга помош која ви е потребна за да го добиете најдоброто од производите на Канон
Пронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон

Ваши производи

Ваши избори

Програма за партнерство на Канон

Производи и решенија

за дома

За на работа

За нас

Поддршка

Каде да
се купи

Контакт

Пребарај

Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Дигитални скенери со микрофилм > MS350II

Canon MS350II
Дигитални скенери со микрофилм

MS350

Искористете ги предностите од зголемената ефикасност на скенирање и од перформансите по пристапна цена, со помош на MS350II, дигиталниот микрофилм скенер на Canon за на работна површина, кој вклучува способност за моторизирано зумирање, фокусирање и ротација.

Карактеристики

  • Брзо дигитално скенирање со микрофилм, на работна површина
  • Висок квалитет на слики со 600 dpi
  • Режим на читач / печатач
  • Екран А4 со природна големина
  • Моторизирано фокусирање и зумирање
  • Го вклучува софтверот CapturePerfect, на Canon
  • Разновиден USB 2.0 и SCSI-2 интерфејс

Понатамошни информации



Дигитално скенирање на работната површина
MS350II е клуч за подобрување и целосна интеграција на вашите микрофилм архиви во целиот ваш систем на управување со документите. Овој дигитален скенер со високи перформанси, за на работна површина, нуди чување на податоците во базата на компјутерот, како и напредно чување на микрофилм, овозможувајќи ви да скенирате ANSI/3M, патрони,16/35 mm филм во ролна, фиш/жакети и апертурни картички.

MS350II е совршен за користење во производната индустрија - како и во библиотеки и владини институции. Освен тоа, со нивната способност да обработуваат типични чек филм формати, тие се совршени и за банките и за финансиските институции.

Висок квалитет на скенирање, со големи брзини
Со MS350II претворањето на микрофилмови во дигитални податоци е брзо и лесно: 5,5 секунди кадар со 200 dpi, 7,5 секунди со 300 dpi, 10 секунди со 400 dpi и 16 секунди со 600dpi.

MS350II скенира со оптичка резолуција од 600 dpi, обезбедувајќи слики со висок квалитет. Сепак, достапен е и асортиман на излезни резолуции, во зависност од потребната апликација - вклучувајќи 200/300/400/600 dpi. Понатаму, достапно е скенирање во 8-bit-на сива скала за да се обезбеди скенирање со висок квалитет за вапите аналогни архиви. Едноставно одберете ја идеалната резолуција за скенирање - за да обезбедите јасност дури и за најдеталните архивски документи.

Едноставно но моќно ракување
А4 екран во природна големина го прави читањето и работењето со документите лесно за очите. Со моторизирано фокусирање и зумирање, дури и најдеталните слики и најситниот текст се кристално јасни. Вклучен е и моќниот помошен софтвер за скенирање CapturePerfect, овозможувајќи многу можности, како „скенирање пакет до е-пошта“.

Со помош на режимот за читање/печатење, можно е едноставно да го притиснете копчето за старт и да пренесувате микрофиш податоци директно до мрежен печатач, за вадење на цврста копија во А4 или А3.

Економично штедење струја
Економичен режим на штедење струја ги држи работните трошоци на минимум. Многу лесно може да се нагоди да се исклучува автоматски - или по 15 или по 1 час некористење на уредот. Секако, со автоматско обновување на целосното напојување, во истиот миг кога скенерот ќе се активира.

Преземања

Драјвери
Брошури
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба