Контруиран за работна површина, MS800II дигитален микрофилм скенер, кој е лесен за управување но сепак моќен, со стандарден А3 екран за најјасното гледање на големи или детални микрофилм слики.
|
Моќно А3 дигитално микрофилм скенирање за голем асортиман на апликации MS800II е дигитален микрофилм скенер кој има стандаредн А3 екран за јасно гледање на големи или детални микрофилм слики - во комплет со опцијата за пешатење А3 со висока резолуција.
Многу практичен А3 монитор обезбедува зголемување на сите инженерски или архитектонски планови и технички цртежи на екранот, овозможувајќи оптимална јасност, дури и за комплексните детали и за ситен текст. Овој формат е подеднакво корисен и за финансиските институции, бидејќи банкарските чекови може истовремено јасно да се прегледуваат од двете страни.
Скенирање со голема брзина, висока резолуција Со голема брзина на скенирање од 3 секунди по кадар (A4 со 200dpi), MS800II е идеален на претворање на микрофилм во дигитален формат. Компатибилните формати вклучуваат 16 mm/35 mm филм во ролна или во патрон, фиш, патрони ANSI и 3M, жакети и апертурни карттички. Високата оптичка резолуција на скенирање од 600 dpi обезбедува одлична јасност, дури и за најдеталните архивски документи.
Отворен интерфејс за скенирање Со помош на драјверот ISIS или на драјверот TWAIN, MS800II може лесно да се поврзе на повеќето апликации за скенирање со индустриски стандард. Ова овозможува овие пакети за работа со слики да имаат хибридни способности, кои поддржуваат и дигитален и микрофилм формат - за скенирање по потреба.
Едноставно но моќно ракување Изборна ергономична далечинска тастатура - опремена со моторизирано сумирање, ротација и фокусирање - овозможува лесно ракување. MS800II е опремен со цела гарнитура моќни опции, вклучувајќи моторизирана ротација на слика за 90 степени, што овозможува хоризонталните слики да се печатат вертикално. Заради опис на задачите, на отпечатоците може да се додадат и пораки до 33 знаци.
Систем за откривање на поларитетот на сликата автоматски го утврдува поларитетот и на сребрените и на диазо филмовите. А несаканите информации може да се исклучат со помош на опции за маскирање или за отсекување - помагајќи ви да заштедите на трошоците за тонер.
|