За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Скенери за брзо скенирање документи > CD-4070NW

Canon CD-4070NW
Скенери за брзо скенирање документи

Архива на производи

CD-4070NW го забрзува работниот тек со брзо скенирање во боја, моно или сива скала, снимањето на скенирани документи на CD-R и вградена архива, која овозможува брзо пребарување со помош на веб-пребарувач.

Карактеристики

  • Брзо скенирање на документи во моно, сива скала и во боја
  • Сигурно вовлекување: прифаќа банкарски чекови со големина до В4
  • 8,4 инчен панел на допир со висока резолуција
  • Датотеки во PDF со можност за пребарување
  • Брзо снимање CD-R
  • Скенирање до компјутер во мрежа
  • Далечинско пребарување и повикување
Понатамошни информации



Брзо скенирање, вклучувајќи боја
Со CD-4070NW, брзините на скенирање за црно-бели слики достигнуваат до 42 страници во минута, во еднонасочен режим, а 85 слики во минута, во двонасочен режим. Документите може многу лесно да се скенираат и во сива скала или во мешан режим - или насловните страници може совршено да се скенираат во боја.

Сигурно вовлекување
Високопрецизниот механизам за вовлекување хартија обработува голем асортиман на големини, од банкарски чекови до страници во В4, па дури и обрасци, печатени на хартија чувствителна на притисок. Сликите лесно може да се оптимизираат. Напредното зголемување на текстот ја подобрува читливоста на документите кои тешко се скенираат, отстранувањето на бојата ја зголемува точноста на OCR, а тука е и бришењето на празни страници.

Датотеки во PDF со можност за пребарување
Кога скенирате документи како датотеки во PDF, можете да примените OCR и да го имате целиот текст вграден во датотеката, што ви овозможува да барате сите страници, па дури и одредени зборови. Вклучено е и нагодување за висока компресија за да ја одржува големината на датотеките лесна за ракување.

Екран на допир
8,4 инчен екран на допир, со висока резолуција, на ракувањето му дава вистинска едноставност. Јасниот приказ исто така го олеснува прегледувањето и проверката на сликите во документи.

Брзо снимање CD-R
Способностите за читање/запишување х 52 и запишување „track-at-once“, обезбедуваат CD-R-овите да може да се читаат на голем број читачи на CD-а. Овозможена е континуирана работа без прекинување за време на обработката, со снимање на дополнителни CD-R-ови по потреба.

Практична конфигурација
Документите може да се организираат во кабинети и папки, заради лесно регистрирање и брзо повикување, со можност за сочувување на конфигурациите како шаблони за повторна употреба на дополнителни CD-R-ови. Автоматските функции со клучни зборови овозможуваат податоците преку OCR - кое препознава разни фонтови, вклучувајќи и MICR знаците - автоматски да бидат извлечени од некое одредено подрачје на вовлечен документ,

Скенирање до компјутер во мрежа
Кога е поврзан на вашиот канцелариски компјутер, CD-4070NW може да се користи за скенирање документи до мрежна папка, овозможувајќи нивно заедничко користење без снимање на CD-R. Скенираните документи може да се испраќаат преку e-пошта до поединци или до групи, со едноставно бирање на адресите заведени во CD-4070NW.

Далечинско пребарување и повикување
Со помош на едноставен интерфејс за веб-пребарувач, мрежните корисници може да пребаруваат, гледаат и да преземаат документи сочувани на единицата на цврстиот диск. Пребарувањата со пребарувачи на полн текст се со брзина на светлината, со датотеки кои може да се пребаруваат по клучен збор, име на датотека, тип на датотека, датум, директориум или кој било збор во текстот.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Софтвер & драјвери
Брошури
Сродни информации
Ваши решенија и услуги
Софтвер
CapturePerfect
CapturePerfect SDK
  © Заштитени авторски права 2012 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба