За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Скенери за брзо скенирање документи > CR-180

Canon CR-180
Скенери за брзо скенирање документи

Архива на производи

Го претставуваме новиот водач во ефикасното скенирање на чекови на работната површина, Canon CR-180. Испорачува побрз проток од кој и да е споредлив скенер Неговиот уникатен дизајн се-во-едно ја зголемува ефикасноста: обработка на пет клучни чекори во еден, брз процес.

Карактеристики

  • Брз проток со 180 чека во минута (американски формат)
  • Четири нивоа на резолуција на скенирање (до 240x240dpi)
  • Пет клучни чекори во еден брз процес - подредување на топ, читање со MICR, печатење потврди, скенирање + сортирање.
Понатамошни информации

Брзо скенирање чекови
Со брзина на двонасочно скенирање од 180 чека во минута (американски формат на чек), CR-180 е до двапати побрз од останатите компактни скенери на чекови. Можете да изберете од пет типа на режими на скенирање во црно/бело или во сива скала, и од четири нивоа на резолуција (до 240 x 240dpi). Кога ќе бидете подготвени да започнете со скенирање, наеднаш ставете до 200 чека во фахот за вовлекување.

Прецизно читање со МICR
CR-180 го чита редот за MICR со високопрецизен магнетен читач на Canon, а овие податоци може да ги чита и симултано со софтвер за OCR. Покрај тоа, софтверот за програмската алатка за скенирање ви овозможува да ги сочувате податоците од MICR на разни начини: како име на датотека на слика, со ознака на датотека во TIFF или како датотека за следење на работата, заради референца.

Напредно подобрување текст
Режимот на скенирање нуди појасни црно-бели скенови на чекови, печатени со илустрирани или светли позадини. Нормалното скенирање на таквите елементи на дизајн може да доведе до слики во кои се затемнети важни информации. Ексклузивната технологија за обработка на слики, на Canon, открива каде на страницата се наоѓаат буквите и ги истакнува заради подобрена видливост.

Мазно вовлекување документи
Сигурното вовлекување е апсолутно пресудно за ефикасното завршување на задачата. А токму тоа е она по кое се разликува стручноста на Canon кај скенерите за документи. CR-180 ви овозможува да го прилагодувате механизмот за вовлекување да одговара на дебелината на вашите документи, што обезбедува секој документ мазно да влегува во скенерот. Може да се вовлекуваат и двојни формулари, со исклучување на механизмот за раздвојување на хартијата.

Откривање на двојно вовлекување
Ако се случи во скенерот да се вовлечат два чека во исто време, веднаш ќе бидете известени. CR-180 може да се нагоди да открива двојно вовлекување според дебелината или според должината на вашите документи.

Софтвер
Апликацискиот софтвер Canon Scanning Utility нуди скенирање, чување датотеки, гледање слики, печатење и други разновидни функции. Драјверот ISIS/TWAIN е придружен, а комплет алатки за развој на софтверот е подготвен за корисничко прилагодување на работата на скенерот.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Софтвер & драјвери
Брошури
Сродни информации
Ваши решенија и услуги
  © Заштитени авторски права 2012 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба