- Пет клучни чекори во еден брз процес - подредување на топ, MICR исчитување, печатење на индосамент, скенирање + сортирање
- Функции за напредна обработка на сликата како отстранување на црни рабови, корекција на искосување, напредно подобрување на текст и адаптивен праг
- Пет нивоа на резолуција на скенирање (до 240x240dpi)
|
Скенирање чекови со голема брзина Со брзина на двострано скенирање од 180 чекови во минута (американски формат на чек), CR-180II е до два пати побрз од останатите компактни скенери на чекови. Можете да избирате помеѓу шесте типови на режими на скенирање во црно/бело или тонови на сиво, и помеѓу петте нивоа на резолуција (до 240 x 240dpi). Кога ќе бидете подготвени да започнете со скенирање, одеднаш ставете до 200 чекови во фиоката за документи.
Прецизно MICR исчитување CR-180II го исчитува MICR редот со извонредно прецизен магнетен читач на Canon, а овие податоци може да ги чита и симултано со софтвер за OCR. Покрај тоа, Scanning Utility софтверот ви овозможува да ги сочувате MICR податоците на разни начини: како име на фајл на слика, во ознака на TIFF фајл или како фајл за евиденција, заради референца.
Напредна обработка на слика На располагање ви стојат софистицирани функции за обработка на слика, со чија помош CR-180II ќе може да обработи секакви типови на чекови. Функциите како отстранување на црни рабови, корекција на искосување, напредно подобрување на текст и адаптивен праг ќе помогнат чековите со ознаки во боја и разни илустрации – како и нејасниот ракопис – да бидат обработени на начин кој ќе овозможи значително подобрување на скенираната слика., Ова ќе придонесе да бидат зачувани сите значајни податоци од чековите.
Сигурно повлекување документи Достапноста до информации има исклучителна важност за ефикасно завршување на процесот. Токму тоа е она, по што се издвојува Canon со својата експертиза кај скенерите за документи. CR-180II ви овозможува да го прилагодувате механизмот за снабдување со документи да одговара на дебелината на вашите документи, што обезбедува секој документ безбедно да биде повлечен во скенерот. Може да се повлекуваат и двојни формулари, со исклучување на механизмот за раздвојување на хартијата.
Откривање на двојно повлекување документи Доколку се случи во скенерот да се повлечат два чекови во исто време, веднаш ќе бидете предупредени. CR-180II може да се постави да открива двојно повлекување според дебелината или според должината на вашите документи.
Испорачан софтвер Canon Scanning Utility апликативниот софтвер овозможува скенирање, зачувување фајлови, прегледување слики, печатење и други разновидни функции. CR-180II се испорачува со стандарден ISIS/TWAIN драјвер и драјвер кој се базира на познатиот Ranger™ Transport API софтвер според Silver Bullet технологијата, што овозможува користење со сите водечки софтвери за обработка на чекови. Исто така вклучен е и Software Development Kit (SDK) за одлична интеграција во било кој работен процес.
|