За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Скенери за брзо скенирање документи > DR-1210C

Canon DR-1210C
Скенери за брзо скенирање документи

Архива на производи

Зголемете ја ефикасноста со помош на овој компактен и достапен скенер за работна група, без оглед на големината на вашиот бизнис. Искористете ги придобивките од леснотијата, брзината, високиот квалитет на сликата и разновидноста на скенирањето.

Карактеристики

  • Компактен и достапен скенер за работна група
  • Двојна функционалност: автоматски
  • Механизам за вовлекување документи и скенирање на рамно лежиште
  • Лесно ракување
  • Долг век на скенирање
  • Висок квалитет на слика
  • Брзо, прецизно скенирање
  • Моќни софтверски апликации
Уживајте во лесно, брзо и разновидно скенирање.



Компактен и достапен
Со својот стилски дизајн кој штеди простор, DR-1210C лесно се вклопува и во најмалиот простор. Поставете го на вашето биро, на шалтер или на полица и уживајте во компактно и комплетно решение за скенирање, по многу конкурентна цена.

Флексибилна двојна функционалност
Флексибилната двојна функционалност овозможува ефикасно скенирање на широка палета материјали. Скенирајте документи со повеќе страници со помош на автоматскиот механизам за вовлекување документи и заштедете време. Или скенирајте книги, пасоши, дебели документи, нежни оригинали, па дури и визит-карти, поставувајќи ги на стаклениот валјак за лесно скенирање на рамно лежиште.

Лесно ракување со еден допир
Ракувајте со DR-1210C со леснотија. Едноставно скенирајте до печатач, скенирајте до датотека или скенирајте до е-пошта, со притискање на само едно копче на контролната табла. Преку 5-те бирачки копчиња можете и однапред да програмирате до 50 специфични задачи, што ќе ви овозможи време за други задачи.

Сигурен и издржлив
Гладен за работа и робустен, тој продолжува да работи сигурно ден за ден. Плус, изграден е за да трае. Издржливиот DR-1210C важи за уред со најдолг век на скенирање во својата класа, со максимално исплатување на вашата инвестиција.

Висок квалитет на слика
Добијте ги висококвалитетните скенови што би ги очекувале од најсофистицираните скенери. Оптичката резолуција, која достигнува до 600dpi, ги зафаќа и најкомплексните детали на сликата. 3-димензионална корекција на бојата и опција за испаѓање на боја ги зголемуваат точноста и ефикасноста.

Брз за сета ваша работа
Уживајте во брзото скенирање на сите ваши документи - во боја, црно-бело или во сива скала. Скенирајте се со брзи 12 страници во минута*. Резултатот е тоа што за која било работа ќе го добиете истиот продуктивен излез, без никакви забавувања или грижи.

* Еднонасочно/A4 исправено/300dpi

Направете го светлиот текст читлив
Без проблем скенирајте светол текст, потписи и ознаки со молив, со помош на напредниот режим за зголемување текст. Останатите функции на обработка вклучуваат функција ’отстранување дупки’, автоматско откривање на големина на страница и поправка на искривување.

Софтвер CapturePerfect software: совршенство на допир
Софтверот CapturePerfect значително го подобрува квалитетот на сликата, така што вашите дигитални документи честопати ќе изгледаат подобро и од оригиналите. Тој исто така ги прави скенирањето, меморирањето, заедничкото користење и печатењето на документи лесни. Останатиот придружен софтвер вклучува Adobe® Acrobat® Standard и OmniPage® SE. Плус Presto! BizCard Reader 5 SE ефикасно ги управува вашите визит-карти.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Софтвер & драјвери
Брошури
Сродни информации
Ваши решенија и услуги
Софтвер
CapturePerfect
CapturePerfect SDK
  © Заштитени авторски права 2012 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба