Практичниот DR-2020U нуди евтино двострано скенирање со голема брзина за мали и домашни канцеларии, како и за деловни одделенија во компании – без да се компромитираат квалитетот или карактеристиките. DR-2020U е компактен скенер со привлечен елегантен црн дизајн, кој е опремен со три разновидни опции за скенирање, што го прави идеален за работа со широк опсег видови на документи – од големи количини на фактури или извештаи до книги, деликатни архивски записи и визит карти на клиенти.
Скенирање со голема брзина Зголемете ја продуктивноста со брзото двострано скенирање кое функционира со истата брзина без разлика дали вашите документи се црно-бели или во боја. DR-2020U може да скенира до 20 страници во минута или 40 слики/мин. (при 200dpi) кога се користи механизмот за автоматско повлекување на документите.
Подобрен квалитет на слика Напредните функции за работа со слики обезбедуваат резултати од највисок квалитет, со функции како отстранување дамки од дупки за поврзување, автоматско препознавање на големината, корекција на искосување и напредно подобрување на текст, притоа внимавајќи кристално јасните слики поради побрза обработка, да се произведуваат со намалена големина на фајлот. Извештаите во боја и фотографиите можат да бидат совршено снимени со извонреден квалитет и прецизност користејќи најсовремена сензорска технологија со 600dpi и обработка со 3-димензионална корекција на бои.
Флексибилни опции на скенирање За максимална разновидност, корисниците можат да постават до 50 листови во механизмот за автоматско повлекување на документите или да копираат рачно користејќи го скенерот со рамно лежиште. Понатаму, постои наменски читач на визит картички кој може да прими до 15 картички за брзо сериско претворање на деловни контакт информации.
Лесно ракување со еден допир Дури и корисниците кои не се запознати со процесот на скенирање ќе видат дека ракувањето со DR-2020U е екстремно брзо и лесно. Неговиот интуитивен кориснички контролен панел има 3 илустрирани копчиња за брзо и ефективно извршување на честите задачи за скенирање "со еден допир", како на пр. скенирање во e-mail, скенирање во фолдери и скенирање кон печатач. Софтверот CaptureOnTouch на Canon уште повеќе го поедноставува скенирањето, ги намалува грешките и заштедува драгоцено време.
Моќни апликации Со DR-2020U е вклучен и сеопфатен и разновиден софтверски пакет со алатки за ефикасно и ефективно скенирање, уредување, зачувување и управување со документи. Корисниците сега можат да праќаат фајлови директно во Microsoft SharePoint или други апликации со помош на вклучениот софтвер PaperPort. Други корисни софтвери кои се испорачуваат се CapturePerfect 3.0, BizCard, Nuance OmniPage и eCopy PDF Pro Office од Canon.
Енергетска ефикасност која ќе ви заштеди пари DR-2020U е усоглесен со Energy Star стандардот и може автоматски да се вклучува или исклучува заедно со компјутерот на кој е поврзан.
|