Мал и рационализиран, DR-2050C нуди зголемен квалитет на скенирање, брзина и сигурност, при многу конкурентна цена. Стандарден софтвер CapturePerfect и Adobe Acrobat придонесуваат за леснотија и ефикасност.
|
Лесно се сместува секаде Со своето компактно куќиште, рационализиран облик и екстремно малата големина на основата, скенерот DR-2050C, на Canon, лесно се вклопува на шалтерот, полицата или во аголот на работната површина. Искористете ги предностите од продуктивното скенирање за голема палета на апликации, и тоа во најмалиот можен простор. А освен тоа, тој доаѓа во комплет со богата палета на опции кои се лесни-за-користење.
Продуктивно скенирање DR-2050C скенира со брзи 20 страници во минута (A4 исправено, еднонасочно, црно-бело или сива скала, 200 dpi) за да го забрза работниот тек на вашите документи. Тој ја нуди истата брзина на двонасочно скенирање со 38 слики во минута, со додадената предност од способност за скенирање во боја. Со уникатната функција Фолио можете да скенирате дури и поголеми документи, се до големина А3. Едноставно преклопете ги на половина и обете страни од преклопениот документ бидат скенирани, а потоа автоматски комбинирани во една беспрекорна слика.
Прецизно скенирање Ја имате предноста од голема оптичка резолуција, која достигнува и до 600 dpi, за да се обезбеди постојано супериорен резултат на сликата. DR-2050C го минимизира изобличувањето на сликата, со помош на иновативен сензор CIS и на механизам со низа леќи. Овој револуционерен дизајн ја намалува и потрошувачката на струја, го елиминира времето на загревање и го прави куќиштето на скенерот покомпактно.
Целосна сигурност Едноставноста на принципот приклучи и користи (Plug and play), јасните копчиња и кориснички прилагодените опции, обезбедуваат работа без напор. Издржлив и сигурен DR-2050C гарантира сигурна работа. Уникатниот механизам на валјаци за задржување, на Canon, постигнува сигурно одвојување и вовлекување на документите за продуктивно ракување со хартијата - спречувајќи секакви проблеми поради делумно двојно вовлекување или оштетување од прав.
Моќен софтвер Придружнот софтвер за DR-2050C вклучува ISIS™, TWAIN драјвери, Adobe® Acrobat® 7.0 и CapturePerfect - кои овозможуваат бројни функции на скенирање и меморирање. Со „скенирање пакет до е-пошта“, скенираните слики може веднаш да се прикачат на нова порака за испраќање до повеќе примачи, користејќи ја вашата постоечка програма за е-пошта. Со вградената функционалност за OCR можете да креирате и датотеки во PDF, кои го претвораат печатениот текст во податоци кои лесно можат да се пребаруваат со специфични клучни зборови. Така штедите уште повеќе време и труд.
|