Замислете си скенер во боја кој штеди простор, а кој не само што може да ги дигитализира сите ваши документи, туку може во истиот миг и да ги прикаже на проектор за време на презентација. Тоа е иновативното размислување кое стои зад DR-2050SP, на Canon: комбинирање на сигурност, квалитет и способност за брзо скенирање, со брилијантен, лесен начин на додавање вредност на вашите презентации. Поврзете го DR-2050SP на вашиот проектор за да отворите нова област на можностите за презентација:
Скенирање без компјутер DR-2050SP се поврзува на вашиот проектор без потреба од компјутер, овозможувајќи ви во истиот миг да ги прикажувате скенираните документи, слики од USB стик меморија или од мобилен телефон со инфрацрвена поддршка.
Дајте им живот на презентациите Замислете да сте во можност со колегите и со клиентите заеднички да користите цртежи, технички документи, ракописни прибелешки или детални отпечатоци - моментално, професионално и без компјутер. DR-2050SP работи со сите стандарди на резолуција (SXGA, XGA и SVGA), автоматски регулирајќи ја резолуцијата за да се достигне максималната. Ова значи дека за остри слики кои оживуваат при проектирањето можни се до 1280 x 1024 пиксели (со помош на SXGA).
Покрај тоа, способностите за обработка на сликите, како автоматско откривање на големината на сликите, отстранување на искосувањето и корекција на бојата, овозможуваат да го максимизирате впечатокот со секоја презентација.
Лесен за користење DR-2050SP има вградена меморија од 64MB, која ви овозможува да скенирате до 40 страници за проектирање. Како алтернатива, вметнете USB стик меморија и DR-2050SP ќе го смени режимот, пристапувајќи до сликите сочувани на стикот за проекција.
Приказ на мали слики ви помага да ги видите сите слики подготвени за проекција. Избирањето и движењето од една на друга е многу лесно со далечинскиот управувач, кој ви овозможува и да ги ротирате сликите и да ја регулирате светлоста.
Поврзете го DR-2050SP на вашиот компјутер и очекувајте:
Брзо и точно скенирање Поврзете го на вашиот компјутер и DR-2050SP ќе работи како компактен, моќен скенер на работна површина. Перформансите се брзи со 20 страници во минута (A4 исправено, еднонасочно, црно-бело, 200 dpi), со истото брзо скенирање на сите големини на хартија до А4. Двострани документи се скенираат со впечатливи 38 страници во минута, а за уште поголемо зголемување на продуктивноста, DR-2050SP вклучува и корисни опции, како скенирање на 24 bit-на боја, со 600 dpi оптимална резолуција, скенирање до PDF, скенирање до е-пошта. За понатамошно објаснување на моќните способности за скенирање, погледнете го DR-2050C.
|