DR-2510M десктоп скенерот во боја кој заштедува простор, ги овозможува ненадминатите перформанси на Canon и исклучителната сигурност при снимањето на слика и за Mac платформата. Пружајќи извонредни перформанси, компактниот дизајн на DR-2510M обезбедува ефикасно користење на работниот простор. Моќен и робустен, скенерот е изработен за справување со 1.500 страници дневно – идеално за најинтензивните периоди.
Продуктивност при голема брзина Како најбрз, најекономичен и најлесен начин за управување со скенирањето за вашата работна група, нашата иновативна технологија на сензори за слика ги обезбедува истите високопродуктивни брзини, без разлика дали вашите документи се во црно-бел формат, нијанси на сиво или во боја. За едноставно скенирање прилагодено на потребите, вие ќе можете да скенирате 25стр/мин (50ipm двострано).
Повисок квалитет на сликата Колку и да се различни типовите на документи кои ги скенирате – од рапава хартија со текстура до нејасен блед текст – со оптичката резолуција од 600 dpi скенираните резултати ќе бидат со највисок квалитет. DR-2510M исто така вклучува повеќе функции за подобрување на читливоста на документите и зголемување на OCR прецизноста заради создавање на PDF документи со можност за совршено пребарување.
Сигурност при работата Дополнително зголемете ја продуктивноста на корисниците и сигурноста при скенирањето со помош на опсегот функции, вклучувајќи препознавање ориентација на текст, автоматско препознавање на боја и системот за брзо повраќање на Canon.
Вградена енергетска ефикасност Заштедете енергија – и намалете ги трошоците – со помош на DR-2510M којшто е усогласен со Energy Star. Одликувајќи се со до 50% поголема ефикасност во однос на споредливите конкурентски модели, скенерот исто така може автоматски да се вклучува или исклучува во исто време со Mac компјутерот на којшто е прикачен.
Впечатлива обработка на документи Закосената директна патека на хартијата обезбедува скенирање без никакви проблеми. Почнувајќи од тенките и дебелите, па сè до релјефните медиуми вклучувајќи ги визит картичките, фотографиите и A3 документите (во режим со превиткување), DR-2510M може да скенира различни типови документи без посебна подготовка.
Моќен софтвер Разноврсниот CaptureOnTouch софтвер од Canon е вклучен заради едноставно продуктивно брзо скенирање со еден допир на копче, вклучувајќи директно скенирање кон iPhoto. Дополнителни функции се овозможени преку флексибилните апликации како Presto! PageManager за организирање на дигиталните документи и Presto! Bizcard 5, за организирање на важните контакт информации во база со можност за пребарување. Исто така, поддржани се и сите Mac апликации, како iPhoto и Image Capture, преку вклучениот TWAIN драјвер.
|