Вешт, компактен избор Стилскиот DR-2580C се вклопува уредно на вашето биро, полицата или на шалтерот, така што едвај ќе го забележите се додека не ви затреба брзо, остро скенирање. Идеален за динамични претпријатија, каде што моменталното зафаќање на документи во мал простор е од суштинско значење.
Скенирајте ги сите типови документи Практичното скенирање во А4 е само почеток. Со својата иновативна рамна патека за хартија, DR-2580C може да обработува мали пластични картички, дебела и тенка хартија и повеќето видови на формати. Додатокот на опцијата за рамно лежиште, кое може да се откачува, ви дава дополнителна флексибилност да скенирате директно од поврзани книги, извештаи и списанија.
Скенирајте повеќе, побрзо Со една од најголемите брзини на скенирање, со 25 страници во минута (А4 исправено, еднонасочно, ц/б, 200dpi), DR-2580C ви овозможува да работите брзо и ефикасно. Тој ги нуди истите брзини за еднонасочно и за двонасочно скенирање, така што ќе добиете брзи, висококвалитетни скенови тогаш кога ќе ви затребаат.
Врвен квалитет на слика DR-2580C овозможува скенирање во црно-бело, во 24-bit-на боја, во ниво на сива боја и двонасочно скенирање, и сето ова со остри, јасни и детални слики, без оглед дали се работи за графика, фотографии или најсветол текст. Опциите како скенирање со висока резолуција (до 600 dpi), автоматско сенчење и опцијата Испаѓање на боја, која автоматски ги отстранува црвената, зелената или сината, овозможуваат контрола на дофат на рака.
Флексибилни опции на скенирање Без проблем скенирајте светол текст, потписи, ознаки и забелешки со молив, со помош на напредниот режим за зголемување текст. DR-2580C има и функција “отстрани дупки” која автоматски ги елиминира грдите дамки, така што секогаш ќе добиете чисти, професионални скенови.
Лесно и ефикасно управување со документи DR-2580C се испорачува со придружен софтвер CapturePerfect, кој помага во зголемувањето на квалитетот на сликата, а ви овозможува и да ги прикажувате сликите како што сакате и ви дава целосна контрола за побрзо, поефикасно скенирање. Додатокот на eCopy PDF Pro Office ви нуди поголема можност за создавање, конвертирање и уредување на PDF фајловите во вашата организација. Едноставното ракување со еден допир ви овозможува да скенирате документи директно во вашиот софтвер за е-пошта. Оваа флексибилност ви дава контрола за практично, ефикасно управување со документите.
|