Кога ви е потребен сигурен уред за вашите најобемни задачи за скенирање во работната група, DR-3010C никогаш нема да ве разочара.
Извонредни брзини
Дизајниран за работа во денешните работни опкружувања со најголеми потреби, DR-3010C се справува со најважните или секојдневните задачи за скенирање без никаков напор, благодарение на брзината на скенирање до 40стр./мин. во црно-бело (200 и 300dpi) и импресивни 30стр./мин. во боја (200dpi).
Робустни перформанси
Способноста за справување со 3.000 скенирања на ден му овозможува на DR-3010C да ги изврши и најголемите задачи без никаков напор. Механизмот за снабдување со 50 документи овозможува скенирање на големи серии на документи со само еден брз процес кој ќе ви заштеди повеќе време. DR-3010C може да се прикачи на изборната единица за скенирање 101 со рамно лежиште преку USB кабел, за скенирање на поврзани и чувствителни документи.
Скенирањето се врши на едноставен начин
Компактниот и модерен DR-3010C лесно може да се постави на секое канцелариско биро. Секојдневните задачи лесно можат да се извршуваат со еден допир со цел да се зголеми продуктивноста на корисниците, благодарение на девет копчиња за извршување на задачи кои можат да се програмираат и практичниот софтвер CaptureOnTouch. Вклучени се и голем број на функции како автоматско откривање на боја, автоматска ориентација на текст и прескокнување празна страница, па затоа нема потреба да се грижите за подредување на вашите документи пред да започнете со скенирањето. Едноставно вметнете ги документите и дозволете му на DR-3010C да ја заврши работата за вас. Оптичката резолуција од 600dpi, како и најновите функции за обработка на слики, обезбедуваат исклучително квалитетни резултати во секое време.
Сигурно скенирање
Закосената патека на хартијата и технологијата на валјак за задржување од Canon обезбедуваат исклучителна сигурност за голем опсег на медиуми. Погрешното снабдување набрзина се решава благодарение на системот за Ултразвучно откривање на двојно повлекување документи. Ќе можете да се справите со сè, почнувајќи од чувствителни документи па сè до дебели картички и медиуми со релјеф. Исто така, можно е скенирање на A3 документи во режим на превиткување: ексклузивно за скенер од овој вид. Поддржано е и скенирање на долги документи, со можност за скенирање на документи со должина до 3 метри.
Не се штетни за животната средина
DR-3010C е над 50% повеќе енергетски ефикасен од останатите слични скенери, а може дури и да се подеси да се вклучува и исклучува во синхронизација со компјутерот на кој е поврзан.
Обемен софтвер
DR-3010C се испорачува со моќна палета на дополнителен софтвер во кој спаѓаат CaptureOnTouch, CapturePerfect, Kofax VRS, eCopy PDF Pro Office, OmniPage, PaperPort и BizCard Reader. Во неа спаѓа и драјвер за кодот за составување и можност за баркод кои овозможуваат брзо разделување на серија документи.
|