Двонасочно 24-bit-на боја & поддршка на сива скала со ниво-256
Еднонасочно/двонасочно скенирање до В4
Фолио скенирање за големини од B4 до A3
Контролна табла за скенирање на самиот екран, прилагодена на корисникот
Двоен интерфејс со SCSI 3/USB2.0
Придружен софтвер: ISIS™, TWAIN драјвери, CapturePerfect
|
СУПЕРИОРНА БРЗИНА НА СКЕНИРАЊЕ DR-3080CII нуди разновидни опции на скенирање. Стандардни текстуални документи може да се скенираат во црно-бел (бинарен) режим, со брзини до 40ppm (или 80 слики во минута при двонасочна обработка). Доколку документот содржи фотографии, режимите на дифузија на грешки или на сива скала со ниво-256, даваат подобри резултати. Понатаму, DR-3080CII нуди режим на 24-bit-на боја, како за еднонасочно, така и за двонасочно скенирање. Иновативната технологија го промовира брзиот проток, без оглед дали скенирате во боја или во сива скала.
ЛЕСНО РАКУВАЊЕ, ПРИЛАГОДЕНО НА КОРИСНИКОТ Приказ на екранот на ‘табла на скенирање’ овозможува брзо и лесно ракување, дозволувајќи им на корисниците да ги менуваат нагодувањата преку оваа виртуелна контролна табла, па дури и за одвојување на пакети. Кога во еден пакет се помешани и еднонасочни и двонасочни документи, функцијата ’прескокни празна страница’ автоматски ги открива и ги отфрла празните страници. Останатите опции, кои се прилагодени на корисникот, вклучуваат до 20 нагодувања според потребите на корисникот и прирачна функција на помош.
РЕЖИМ ЗА ПРЕД-СКЕНИРАЊЕ, КОЈ ШТЕДИ ВРЕМЕ Уникатниот режим за ’пред-скенирање’ ја упростува работата и штеди време кога скенирате пакет документи. Кога ја гледате сликата на првата страница на екранот, можете да ги регулирате светлоста и контрастот и веднаш да ги видите резултатите (за разлика од функцијата за прегледување). Ова нагодување потоа се применува за остатокот на пакетот, без потреба од повторно скенирање на првата страница. Ова функционира дури и кога скенирате во црно-бел (бинарен) режим
ПРОДУКТИВНО РАКУВАЊЕ СО ХАРТИЈАТА Високо проценетата способност за вовлекување документи, на DR-3080CII, гарантира дека секогаш ќе имате корист од издржливото, флексибилно и сигурно вовлекување на хартијата, со еднонасочно/двонасочно скенирање на сите големини до В4. DR-3080CII исто така ја поседува функцијата Folio (Фолио), која ја има способноста да скенира дури и поголеми документи (помеѓу големините В4 и А3). Едноставно преклопете го документот на половина и вовлечете го во скенерот. DR-3080CII тогаш ќе ги скенира обете страни од преклопениот документ и ќе ги комбинира двете страни во една слика.
ЗГОЛЕМЕНА ЧИТЛИВОСТ ЗА ПОСВЕТОЛ ТЕКСТ DR-3080CII поседува напредно зголемување на текст, за оптимизирање на црно-бели слики. Напредното зголемување на текст значително го подобрува квалитетот на сликите добиени под лоши услови, како од документи со позадина во боја, со светли букви или документи пополнети со молив.
РАЗНОВИДНА ПАЛЕТА НА АПЛИКАЦИИ Придружниот софтвер за DR-3080CII вклучува ISIS™, TWAIN драјвери и CapturePerfect за Windows® 98/ME/NT/2000/XP.
|