Најтешките задачи за скенирање доверете му ги на неверојатно сигурниот DR-7090C. Овој брз и разноврсен A3 скенер во боја располага со робустен механизам за снабдување со документи како и рамно лежиште за скенирање – справувајќи се со секакви задачи, како чувствителна хартија, гломазни документи, извештаи и книги со тврд повез.
Продуктивност и разноврсност кога ви се најпотребни DR-7090C располага со единица за двострано скенирање во едно поминување, која нуди импресивни брзини од 70 стр/мин за скенирање во боја, црно-бело и тонови на сиво – дури и при резолуција од 300 dpi. Благодарение на разноврсниот елемент за двојно скенирање, вие ќе можете да се справите со секакви задачи:
Сериско скенирање – робустниот механизам за снабдување со документи со 100 листови ви овозможува групна обработка и на најобемните задачи, при што софистицираниот механизам речиси го елиминира двојното повлекување на листовите.
Скенирање на рамно лежиште – книгите, поврзаните документи, нежните и оштетени листови можат едноставно да се скенираат со помош на A3 единицата за скенирање на рамно лежиште.
Едноставно користење Кај интуитивниот DR-7090C сè е едноставно: контролниот панел потсетува на оној на повеќефункцискиот печатар во вашата канцеларија. Честите задачи можат однапред да се програмираат за едноставно користење со едно притиснување на копче.
Извонреден квалитет на сликата со напредна обработка CCD сензорот со 3 линии овозможува добивање на 24-битни бои и 256 нивоа на сиво – совршено за секаква намена, како фотографии, графикони и презентации. За дополнителна флексибилност, резолуцијата на сликата може да се прилагодува од 100 dpi до 600 dpi. Напредната обработка на сликата ќе ви помогне да ја зголемите продуктивноста, вклучувајќи автоматско откривање на големина на страница, прескокнување на празна страница, корекција на искосување, ориентација на текст и отстранување дамки од дупки за поврзување.
Исто така вклучен е и практичниот CapturePerfect софтвер на Canon.
MultiStream™ ефикасност Нашата иновативна MultiStream™ технологија овозможува симултан излез на два различни режими на скенирање. На пример, еден излез може да биде во боја, а другиот во црно-бело. Сликата во боја може потоа да се зачува за архивирање, додека црно-белата слика може да се зачува за OCR (оптичко препознавање на знаци) користење.
Издржливост и користење без проблеми DR-7090C е дизајниран за долготрајна работа, што значи дека вие ќе можете да го користите секојдневно со минимално одржување.
|