Супериорна брзина на скенирање За да се постигне значително зголемување на брзините на скенирање на документите, DR-7580 е опремен со вградена JPEG компресија и со нов CIS (Contact Image Sensor) (Контактен сензор за слика). Како резултат на тоа, тој постигнува брзини кои достигнуваат и до 75 ppm црно-бел режим/режим на сива скала (A4 потрет, 200 dpi). Плус, со максимум 150 ipm за брза двонасочна обработка, DR-7580 нуди неспоредлива производна продуктивност.
Извонреден квалитет За скенирање документи со висок квалитет, DR-7580 дава излезна резолуција до 600 x 600 dpi. Напредното зголемување на текстот ја подобрува читливоста на светол текст, а системот на двоен светлински сензор спречува на скенираната слика да се појават сенки од набори на документот.
Способност за обработка на A3 DR-7580 е добро опремен за користење во широка палета на деловни апликации. Тој е способен за скенирање до големина А3, а може да обработи и различни формати и дебелини на хартија во мешани пакети, овозможувајќи ја флексибилноста за сите типови средини.
Прочуена доверливост Скенерот DR-7580 користи нов механизам на вовлекување, во комбинација со силниот и траен оригинален систем на валјаци со задржување. Ова му овозможува на скенерот да прифати поширока палета на дебелина на хартија, а нуди дури и посигурни перформанси на вовлекување хартија.
MultiStream™ ефикасност Вклучувањето на технологијата MultiStream™ овозможува симултан излез на два различни режима на скенирање. На пример, тој му овозможува на скенерот автоматски да открива графика и текст на страницата, компресирајќи ја сликата во компактна големина на датотека, која лесно може да се уредува и да се чува.
Компактен и лесен за користење Компактниот, но сепак робустен дизајн гарантира лесно поставување, како и апсолутна системска стабилност. Упростената табла за ракување, на главното тело на скенерот, му овозможува на корисникот лесно ракување. Има и намалување на нивото на бучавата заради тивко користење. Плус, кон ракувањето без проблеми придонесуваат и двојното вовлекување и едноставното откривање на иглички за соединување.
Моќен помошен софтвер CapturePerfect Новиот помошен софтвер CapturePerfect 3.0, во комбинација со најновите функции на Canon, на драјверите и на хардверот на скенерот, ја нуди способноста и разновидноста потребна за опсежни апликации - истовремено оптимизирајќи го квалитетот на сликата и општото лесно користење. Достапна е и палета на изборни додатоци за зголемување на продуктивноста.
|