Со DR-9080C, можете да ги искористите придобивките производно скенирање на големи волумени со голема брзина, квалитет и 24-bit-на поддршка на боја, испорачувајќи го конечното решение за широка палета на деловни апликации.
|
Супериорна брзина на скенирање За да се постигне значително зголемување на брзините на скенирање на документите, DR-9080C е опремен со вградена JPEG компресија и со нов CIS (Contact Image Sensor) (Контактен сензор за слика). Како резултат на тоа, тој постигнува брзини кои достигнуваат и до 90 ppm црно-бел режим/режим на сива скала (A4 исправено, 200 dpi), па дури и во режимот во боја (A4 исправено, 100 dpi). Плус, со максимум 180 ipm за брза двонасочна обработка, тој нуди неспоредлива производна продуктивност.
Извонреден квалитет За висококвалитетно скенирање документи, DR-9080C испорачува излезна резолуција од до 600 x 600 dpi и нуди функција на „мазнење“, за намалување на ефектот „moiré“ и за подобрување на квалитетот. Напредното зголемување на текстот ја подобрува читливоста на светол текст, а системот на двоен светлински сензор спречува на скенираната слика да се појават сенки од набори на документот.
A3 и предност во боја DR-9080C скенира до големина A3 size, а може да обработи и разни формати и дебелина на хартија во мешани купови. Тој пружа и 24-bit-на поддршка на боја, за користење во широка палета на деловни апликации.
Прочуена доверливост DR-9080C користи нов механизам на вовлекување, во комбинација со силниот и траен оригинален систем на валјаци со задржување. Ова му овозможува на скенерот да прифати поширока палета на дебелина на хартија, а пружа дури и посигурни перформанси на вовлекување хартија.
MultiStream™ ефикасност Вклучувањето на технологијата MultiStream™ овозможува симултан излез на два различни режима на скенирање. На пример, еден излез може да биде во боја, а другиот во црно-бело. Сликата во боја може потоа да се сочува за архивирање, додека моно-сликата може да се сочува за OCR.
Компактен и лесен за користење Компактниот, но сепак робустен дизајн гарантира лесно поставување, како и апсолутна системска стабилност. Упростената табла за ракување, на главното куќиште на скенерот, му овозможува на корисникот лесно ракување. Има и намалување на нивото на бучавата заради тивко користење. Плус, кон ракувањето без проблеми придонесуваат и двојното вовлекување и едноставното откривање на иглички за соединување.
Моќен помошен софтвер CapturePerfect Новиот помошен софтвер CapturePerfect 3.0, во комбинација со најновите функции на Canon, на драјверите и на хардверот на скенерот, ја нуди способноста и разновидноста потребна за опсежни апликации - истовремено оптимизирајќи ги квалитетот на сликата и општото лесно користење. Достапна е и палета на изборни додатоци за зголемување на продуктивноста.
|