Без оглед дали треба да ги подобрите способностите за скенирање во вашата канцеларија или да обезбедите највисоки нивоа на услуги во биро за скенирање, DR-X10C е конструиран да испорачува. Во секое време можете да очекувате брзини, кои ги победуваат сите рокови, гарантирана сигурност и скенови со највисок квалитет.
Висока продуктивност Што и да скенирате, DR-X10C е конструиран да ги обработува вашите работни задачи со максимална ефикасност. Тоа значи дека DR-X10C е скенер за A3, кој е способен да обработи 100 страници во минута - без оглед дали скенирате во црно-бел0, сива скала или во боја. Покрај тоа, нема намалување на брзината меѓу резолуција од 200 dpi и 300 dpi, а кога скенирате во легнат формат, добивате дополнителни неверојатни брзини од 128 страници во минута (A4). Сеопштите брзини на обработка можете и понатаму да ги обработите - со опции, како автоматско откривање на и прескокнување на празна страница.
Свесен за сликата Кога квалитетот на сликата е од суштинско значење, DR-X10C доаѓа до израз, со оптичка резолуција од 600dpi и со бројни способности за подобрување на сликата. Опциите како Подобрување текст, Спречување прелевање, Отстранување на ефектот moiré и Испаѓање на боја, сите овозможуваат зголемена веродостојност на вашите скенирани документи. За да избегнете собирање на прав и оштетување на сликата, DR-X10C користи сопствени дувалки и специјален бришач за да го исчисти стаклото по секој скениран документ. Овој систем на скенирање одржува супериорен квалитет на сликата, го намалува времето, потрошено за чистење и ја подобрува сеопштата продуктивност. DR-X10C е опремен и со сопствен сензор за откривање на точната големина на страницата и за корекција на искосувањето.
Прочуена доверливост Active Separation Torque Control овозможува сигурно одделно вовлекување широка палета медиуми, бидејќи торзијата на валјакот од сепараторот може електронски да сe нагодува за најдобро ниво на сепарација на документите, дури и за вашите чувствителни тенки документи. Три независно контролирани ултразвучни сензори овозможуваат откривање на двојно вовлекување, намалувајќи го ризикот од губење на податоците, а со иновативниот систем за повторен обид при „двојно вовлекување“, документите автоматски одново се вовлекуваат, без потреба од интервенција од оператор.
Дополнителна контрола Во DR-X10C е спакуван и моќниот софтвер CapturePerfect. Изборниот прибор вклучува Пред-импринтер, Пред-импринтер, Модул за баркод, Читач на шифри на налози и изборен интерфејс модул Kofax.
|