Воведете го DR-2010C во вашиот бизнис и ќе откриете мноштво моќни функционалности, кои испорачуваат скенирање со висока продуктивност за групи корисници или за цели одделенија. Ќе откриете уред кој го прави процесот едноставен, ефикасен и дел од вашиот работен ден без никакви проблеми Со големина на основата од само 298 (Ш) х 160 (Д) х (В), DR-2010C е еден од најмалите и најлесните скенери во својата класа. Совршен за поставување во аголот од бирото или на мал кабинет.
Резултати со голема брзина Користејќи го новиот иновативен сензор CIS, скенерот за документи DR-2010C ги испорачува истите брзини на производство, без разлика дали скенирате црно-бело, сива скала или во боја. На тој начин можете да очекувате продуктивни 20 стр./мин. или 40 слики/мин. за двострани документи.
Висок квалитет на слика Што и да треба да скенирате - од NCR хартија со слаб квалитет, па до бледи текстуални документи со позадина со темни детали, DR-2010C испорачува извонредни резултати и тоа со оптичка резолуција од 600 dpi. Достапна е извонредна палета на опции за обработка на слики, вклучувајќи напредно зголемување текст, намалување на ефектот „Moiré“ и спречување на прекршување во марго, кои сите овозможуваат слики со викок квалитет и максимална читливост.
Продуктивност и сигурност Зголемете ги продуктивноста и сигурноста уште повеќе со погодните опции како препознавање на ориентацијата на текстот, автоматско откривање на бојата, прескокнување на празна страница, и системот за брзо обновување, на Canon.
Впечатлива обработка на документи Применета е коса патека за хартија, која обезбедува оптимална сигурност на вовлекувањето, од тенки до дебели втиснати медиуми, вклучувајќи визит/карти, картички за идентификација, (на пр., возачка дозвола), фотографии и документи во А3. Освен тоа, со помош на автоматското откривање на големина на страница и со отстранување на искосувањето, добивате совршено исечени и исправени слики.
Едноставно користење Три работни копчиња кои може да се програмираат, го прават ракувањето уште поедноставно, што значи дека задачи како скенирање до е-пошта и скенирање до датотека може да се изведуваат без напор и без дополнителен софтвер, и тоа само со „допирање на копче“. За дополнителна практичност, скенерот може автоматски да се вклучува/исклучува во линија со компјутерот.
Скенирање на едноставен начин
Едноставното користење е една од најголемите придобивки од CaptureOnTouch, особено за корисниците кои не се добро запознаени со скенирање на документи и електронско складирање на податоци. Софтверот нуди два начини на скенирање; "Прво скенирајте" кој му овозможува на корисникот да го скенира документот, а потоа да го избере саканиот формат на фајл и дестинацијата, додека "Изберете задача за скенирање" му овозможува на операторот да користи однапред конфигурирано копче за извршување на задачи со цел да ги упати документите до одредени фајлови за работни процеси или индивидуални e-mail пораки.
Моќни софтверски апликации Софтверот за скенирање Capture Perfect од Canon кој нуди разновидни опции се испорачува за да обезбеди дополнителна флексибилност, а исто така и алатки како eCopy PDF Pro Office и Omnipage, Paperport и Bizcard Reader.
|