За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Скенери за брзо скенирање документи > DR-7080C

Canon DR-7080C
Скенери за брзо скенирање документи

Архива на производи

Забрзајте го вашиот работен тек со помош на овој компактен, универзален скенер на документи во А3 DR-7080C се одликува со супериорна брзина и ненадминат квалитет за совршено скенирање како на документи во боја така и црно-бели.

Карактеристики

  • Ултра-брз, универзален А3 скенер со рамно лежиште
  • 70ppm за документи во боја и за црно-бели документи
  • Висококвалитетен 3-линиски CCD сензор
  • 24-bit-на боја, 256 нивоа на сива скала, 600dpi
  • ADF со механизам за одвојување со коса рамнина
  • Моќен софтвер CapturePerfect
Понатамошни информации



Брзо скенирање во боја
Со подеднакво впечатлива брзина на скенирање од 70ppm, како на документи во боја така и црно-бели (A4/легнато/200dpi), динамичниот DR-7080C го дава совршениот начин да завршите повеќе работа за многу помалку време. Двонасочното скенирање во боја е подеднакво брзо, со 36ipm (images per minute - слики во минута).

Константен висок квалитет
И покрај својата голема брзина, DR-7080C произведува ненадминливо квалитетно скенирање, давајќи ви го најдоброто од двата света. Со адаптирање на 3-линиски CCD сензор, тој овозможува скенирање со постојан квалитет на нијансата.24-bit-на боја и 256 нивоа на сива скала го прават овој модел многу погоден за скенирање на сите типови документи. Резолуцијата на отпечатената слика е помеѓу 100 dpi и 600 dpi.

Брзо, сигурно вовлекување со ADF
Во скенерот е вградена коса рамнина која го одвојува механизмот. Тоа значи дека, кога се користи ADF (Automatic Document Feeder - автоматски механизам за вовлекување документи), вовлекувањето на документите оди мазно и брзо - со мек механизам за одвојување, кој практично елиминира секаков ризик од двојно вовлекување листови. Понатаму, со функционалноста на рамно лежиште лесно може да се скенираат книги, поврзани документи и нежна или оштетена хартија.

Лесно и ефикасно ракување
Јасна и интуитивна контролна табла обезбедува извонредна леснотија на користење при сите операции. Рутински работни процеси - како скенирање до компјутер, скенирање до е-пошта, скенирање до печатач и апликацијата скенирање/извршување - може однапред да се регистрираат и да се изведуваат директно од контролната табла. DR-7080C е подеднакво лесен и за инсталирање, благодарение на едноставноста "plug and scan" (приклучи и скенирај).

Компактен дизајн, голема издржливост, малку одржување
Интелигентно конструиран за да штеди простор и со забележително мала големина на основата, овој компактен скенер фино се вклопува на вашата работна маса или каде било во работниот простор. Плус, Canon го изградил 7080C за издржливост при напорна работа, со минимално одржување. Можете да се потпрете на максимално време на активност во текот на целиот работен век на производот и да профитирате од исклучително сигурно скенирање на постојана основа - добивајќи притоа вистинско враќање на вашата инвестиција.

Моќен софтвер за подобрена продуктивност
Моќниот софтвер ви ја дава разновидноста, леснотијата и ефикасноста, коишто ви требаат за опсежни примени. Многуте придобивки од CapturePerfect 2.0 вклучуваат скенирање до е-пошта, компјутер и печатач, како и автоматска ротација за 90 степени. Додека предностите од драјверот со широк опсег ISIS/TWAIN вклучуваат MultiStream™ скенирање и двонасочно скенирање на книги и календари.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Софтвер & драјвери
Брошури
Сродни информации
Ваши решенија и услуги
Софтвер
CapturePerfect
CapturePerfect SDK
  © Заштитени авторски права 2012 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба