Врвна продуктивност кога ви е најважна DR-9050C скенира брзо до 90 стр./мин. и скенира во боја и црно-бел формат, со резолуција од 300dpi (A4, вертикално). Вграден е наменски чип за обработка на слика кој овозможува постигнување на номиналните брзини дури и кога се извршуваат повеќе функции за обработка на слика.
Дизајн за практично ракување Дизајнот со предно снабдување кај DR-9050C, нуди удобност и практичност, овозможувајќи ви лесно да ги вметнувате и земате документите додека седите. Понатаму, контролниот панел и копчињата за извршување одредени функции, се така дизајнирани и поставени на ниво на очите за постигнување одлична воочливост.
Флексибилни и високо ефикасни Фактури, признаници за пратки, извештаи, дијаграми – ова се само некои од документите кои секојдневно се користат при деловното работење. DR-9050C со леснотија ќе се справи со сите нив, овозможувајќи зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците за хартија.
Автоматскиот A3 механизам за снабдување може да работи со серии од 500 листови и поддржува 3 различни режими за повлекување на хартија. Робустниот механизам за снабдување, лесно ги повлекува и одвојува различните документи и, во ретките случаи на грешка, ултрасоничниот сензор за откривање на двојното повлекување веднаш го известува корисникот за брзо отстранување на проблемот.
DR-9050C исто така се грижи за животната средина и е еден од најефикасните скенери во својата класа бидејќи користи помало количество енергија.
Напредна обработка на слика Огромниот избор на моќни функции како автоматско препознавање на боја, препознавање ориентација на текст, автоматско откривање на големина на страница и закосување нуди добивање на врвен квалитет и оптимална ефикасност.
Изработен за извршување на најобемни задачи DR-9050C е дизајниран да се справи со извршување на најобемни задачи при што се препорачува дневен работен циклус до 27.000 скенирања на ден.
Вклучен софтвер и корисни опции DR-9050C се испорачува со CapturePerfect софтверот на Canon, а исто така е достапен Capture Perfect комплет за развивање софтверски решенија (SDK) за едноставна прилагодена интеграција.
|