Мали димензии, огромни перформанси DR-M140 со своите неверојатно компактни димензии претставува еколошки избор за опкружувања во кои просторот најчесто е ограничен – од динамични канцеларии па сè до тесни пултови, маси за рецепција и места за кориснички услуги. Механизмот за снабдување со U-облина и можност за избирање ги исфрла скенираните документи преку горниот дел од уредот. Кога не се користи, DR-M140 е доволно мал за да може практично да се складира во фиока.
Брзо скенирање за динамични работни групи и оддели Импресивниот imageFORMULA DR-M140 обезбедува врвна брзина за скенирање во боја до 40стр./мин. / 80слики/мин. со 300dpi, идеално за опкружувања со големи потреби за обработка на документи во кои е потребна поголема прецизност за препознавање на податоците од документите и класификација на фајловите.
Флексибилност која ќе ги исполни вашите потреби Изработен според истиот сигурен систем за транспорт на хартија како неговиот претходник - DR-M140 има способност за скенирање до значителни 6.000 скенирања/ден. Изборот помеѓу патека на хартија со U-облина или директна патека овозможува рамномерно скенирање на разни видови медиуми, вклучувајќи и картички со релјеф, дебели и тенки медиуми и документи со должина од 3m.
Сигурно ракување со хартија Благодарение на робустниот механизам за раздвојување на DR-M140, можете да бидете сигурни при заедничкото скенирање на документи со различна големина и тежина. Ултразвучното откривање на двојно повлекување документи брзо ги препознава погрешните снабдувања, додека копчето за ослободување на двојните повлекувања ви овозможува да ги "игнорирате и продолжите" со скенирањето во посебни случаи, како на пример пликови или документи со прикачени забелешки.
Висококвалитетна обработка на слика DR-M140 се испорачува со најновите функции за обработка на слики кои ќе ви помогнат секогаш да постигнувате резултати со исклучителен квалитет. Функциите како автоматско откривање на боја и автоматско поставување на резолуција континуирано обезбедуваат врвни резултати на слика, додека MultiStream се справува со работните процеси кои се потребни за подобра OCR обработка.
Испорачан софтвер за зголемување на продуктивноста imageFORMULA DR-M140 се испорачува со извонредна палета на водечки софтвер на пазарот. Тој поддржува скенирање на повеќе формати на фајл, вклучувајќи и PDF, PDF-A, TIFF, JPEG, BMP и PowerPoint, а корисниците ќе можат да испраќаат фајлови директно во мрежниот фолдер и SharePoint. CaptureOnTouch нуди интуитивен кориснички интерфејс, вклучувајќи и целосно автоматски режим за едноставно искуство при скенирањето. CapturePerfect нуди моќни софтверски алатки за скенирање за апликациите наменети за сериско скенирање од поголемо значење. Исто така, вклучени се и софтверите Kofax VRS и eCopy PDF Pro Office, кои нудат целосен и професионален софтверски комплет.
|