spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image
За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija spacer image spacer image
spacer image spacer image spacer image
spacer image spacer image
         
spacer image spacer image
spacer image Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Скенери за брзо скенирање документи > P-150 spacer image spacer image
spacer image

Canon P-150
Скенери за брзо скенирање документи

Архива на производи

Ултра компактен и пренослив, P-150 е најбрзиот A4 двостран скенер во рамките на индустријата, кој е идеален за употреба во канцеларија или кога сте во движење — ви нуди брзо сериско скенирање од 15стр/мин и автоматски механизам за снабдување со 20 листови кој е водечки во класата.

Карактеристики

  • Брзо скенирање до 15стр/мин (30слики/мин)
  • Ултра компактен дизајн за заштеда на простор и мобилност
  • Вистинско "поврзи-и-скенирај" функционирање со вградениот софтвер
  • Едноставно напојување со енергија преку USB
  • Брзо скенирање со ADF за 20 листови
  • Висококвалитетна обработка на слика со сензор од 600dpi
  • Драјвер за Mac / Linux за компатибилност со повеќе платформи
Понатамошни информации



Пренослив A4 двостран скенер кој е најкомпактен во рамките на индустријата
Со лесно куќиште и ултра компактни димензии, P-150 е идеален за малите и домашните канцеларии во кои нема доволно простор – како и за менаџерите кои имаат потреба од скенирање на документи кога се во движење.

Вистински двигател на продуктивноста
P-150 им заштедува време на корисниците помагајќи им да постигнат повеќе: со истовремено скенирање на двете страни од документите до 15стр/мин; а тука е и автоматскиот механизам за снабдување со 20 листови за брзо сериско скенирање кој е водечки во класата.

Бидејќи пренесувањето е толку лесно, фирмите можат на своите вработени да им понудат едноставен пристап до скенирањето кога тие се надвор од канцелариите. Ова помага да се забрза обработката на важните документи, како нарачките за купување, фактурите и барањата за провизија – обезбедувајќи придобивки во поглед на продуктивноста и намалување на трошоците.

Совршено решение за малите или домашните канцеларии.
Малите димензии на P-150 и стилскиот дизајн овозможуваат одлично вклопување во домашно и SOHO опкружување. Нашиот CaptureOnTouch софтвер исто така многу го олеснува скенирањето за сите корисници.

Идеален за менаџерите во движење
Ниту еден друг скенер не може толку лесно да се смести во актовка или ташна за лаптоп, додека напојувањето со енергија преку USB значи дека корисниците не мораат со себе да носат AC адаптер. Едноставно поврзете го P-150 на вашиот лаптоп и започнете со скенирањето. Вградениот CaptureOnTouch lite софтвер исто така им овозможува на менаџерите во движење да вршат скенирање преку компјутерите на други луѓе, без инсталирање на дополнителен драјвер или нова апликација.

Напредна и интуитивна обработка на слика
Прецизниот сензор од 600dpi обезбедува исклучителен квалитет на сликата – со богат избор на функции за обработка на слика, како автоматско препознавање на боја, автоматско откривање на големина на страница, откривање на закосување и препознавање ориентација на текст, кои овозможуваат врвен квалитет на скенирање и ефикасност.

CaptureOnTouch за едноставно скенирање

CaptureOnTouch софтверот на Canon овозможува едноставно и ефикасно скенирање, вклучувајќи операции со едно допирање на копче за рутинските задачи, како скенирање во e-mail или скенирање на десктоп. Исто така, корисниците ќе имаат можност да ја инсталираат апликацијата Evernote основана на "облак" мрежа, за брзо и едноставно преснимување информации на интернет до кои ќе имате практичен пристап од секаде.

Поврзување без напор
P-150 нуди поврзување со широк опсег на други апликации за обработка на слика, благодарение на вклучените TWAIN и ISIS стандардни драјвери. Освен тоа, P-150 има сертификат и можности за Kofax Virtual Rescan (VRS).

Лесно архивирање
CaptureOnTouch софтверот на Canon и вградените апликации, како BizCard Reader, им овозможуваат на корисниците да вршат скенирање и вчитување на визит картички директно во нивниот фајл за контакти. PaperPort исто така овозможува подобро архивирање, управување и преземање на електронски фајлови.

Значајни еколошки признанија
Со напојување преку USB и мала потрошувачка од 5W, P-150 е вистински еколошки избор. Тој ги задоволува ENERGY STAR стандардите за усогласеност во поглед на енергетската ефикасност, создавајќи помали трошоци при работата.

Современ дизајн со одличен изглед
Со современата сјајна завршна обработка во стил на црна свила, P-150 претставува инвестиција со одличен изглед.

Компатибилност со повеќе платформи
P-150 нуди компатибилност со Mac системи со вклучен Mac TWAIN драјвер и CaptureOnTouch софтвер за Mac. Исто така, достапен е и драјвер за Linux кој е усогласен со SANE за организации кои претпочитаат развој со отворена архитектура. Овој драјвер може да се превземе од веб-страницата за софтверска поддршка на Canon.

Print page Испечати ја оваа страница arrow more

spacer image
Downloads
P-150 Datasheet [PDF, 261 KB]
Софтвер
CapturePerfect
CapturePerfect SDK
spacer image
spacer image spacer image spacer image
spacer image
spacer image You Can Image spacer image spacer image
spacer image
spacer image
spacer image   © Заштитени авторски права 2012 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap spacer image spacer image
spacer image spacer image spacer image spacer image
spacer image   © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба spacer image spacer image