P-150M Mac Освен извонредно компактен, тој е најбрзиот и најпреносливиот A4 двостран скенер за корисниците на Mac. Со уникатен вграден софтвер и USB напојување, овој мобилен скенер за повеќе платформи скенира до 15стр./мин. или 30 слики/минута, а може да се користи и на Mac и на PC системи. Неговата модерна завршна обработка со црна пијано боја и компактен дизајн се идеални за корисниците на Mac кои работат во канцеларијата, домот или додека патуваат.
|
Најпренослив скенер во рамките на индустријата Со лесно куќиште и мали димензии, P-150M е најбрзиот и најпреносливиот A4 двостран скенер за корисниците на Mac. Корисниците кои се во постојано движење мора да го имаат, а одличен е и за канцеларии или домашни канцеларии во кои просторот е особено важен. Поради неговата уникатна преносливост, работниците кои се надвор од канцеларијата имаат лесен пристап за скенирање, со што се подобрува ефикасноста. Ова може да ја забрза обработката на важни документи, како нарачки за купување, фактури и сметкопотврди – зголемувајќи ја продуктивноста и намалувајќи ги трошоците.
Привлечен скенер за документи со голема брзина Привлечниот дизајн на P-150M, со неговата завршна обработка со црна пијано боја, им овозможува на корисниците да направат повеќе и да заштедат време. Корисниците можат истовремено да ги скенираат и двете страни на документот со брзини до 15стр./мин. (30слики/минута) користејќи го само USB напојувањето.
Вистински двигател на продуктивноста Со автоматскиот механизам за снабдување со 20 листови, P-150M е лидер во класата и е совршен пренослив скенер за брзо сериско скенирање.
"Поврзи-и-скенирај" насекаде со вградениот софтвер За максимална удобност, корисниците кои се во движење може да го приклучат P-150M во кој било достапен компјутер кој работи на Mac оперативен систем и да започнат со скенирањето. Со вградениот софтвер CaptureOnTouch Lite, кој е брз и едноставен за користење, нема потреба од вчитување на какви било драјвери или софтверски апликации.
Скенирајте додека сте во движење со USB напојување За создавање на најпренослив скенер од овој тип, P-150M нема потреба да се приклучува на напојување со енергија. Корисниците можат едноставно да го поврзат USB кабелот од скенерот со USB приклучок од некој компјутер и да започнат со скенирањето.
Значајни еколошки признанија
За максимална ефикасност на енергијата и заштедување на трошоците, P-150M користи моќност помала од 5W при скенирањето и автоматски се исклучува кога ќе се затворат капаците. Тој ги задоволува ENERGY STAR стандардите за усогласеност во поглед на енергетската ефикасност – при што користи помалку енергија при функционирањето и ги намалува трошоците.
CaptureOnTouch за едноставно скенирање
CaptureOnTouch софтверот на Canon овозможува едноставно и ефикасно скенирање, вклучувајќи операции со едно допирање на копче за рутинските задачи, во кои спаѓа директно скенирање со iPhoto. Исто така, корисниците ќе имаат можност да ја инсталираат апликацијата Evernote и да ја додадат како ScanJOB профил во софтверот CaptureOnTouch. Ова овозможува брзо преснимување информации на интернет, од каде што ќе имате практичен пристап од секаде.
Лесно архивирање
CaptureOnTouch софтверот на Canon и вклучените апликации, како BizCard Reader, им овозможуваат на корисниците да вршат скенирање и вчитување на визит картички директно во нивниот фајл за контакти; додека PageManager овозможува подобро архивирање, управување и преземање на електронски фајлови.
Висококвалитетна обработка на слика За исклучителен квалитет на сликата, P-150M се одликува со прецизен сензор од 600dpi, кој нуди богат избор на функции за обработка на слика, како автоматско препознавање на боја, автоматско откривање на големина на страница, откривање на закосување и препознавање ориентација на текст.
Употреба со повеќе платформи за Mac и PC P-150M е подготвен за употреба со компјутери со Mac или Windows. Едноставното управување со слики – благодарение на вклучениот Mac TWAIN драјвер – значи дека овој скенер за документи со голема брзина може да се интегрира со разни апликации за обработка на слики од други фирми за Mac.
|