Најпродуктивно скенирање со напојување преку USB imageFORMULA P-215 е најпродуктивен скенер во рамките на својата класа. Со брзини на двострано скенирање до 30 слики/мин. и автоматски механизам за снабдување со документи за 20 страници кој е водечки во индустријата, корисниците можат ефикасно да скенираат во канцеларијата, во домот или додека патуваат. Максималните брзини на скенирање се напојуваат преку само еден USB кабел кој користи USB 3.0 интерфејс.
Ултра компактен дизајн за заштеда на простор и мобилност Благодарение на софистицираниот и интелигентен дизајн во сребрена и црна боја, извонредно лесниот и компактен P-215 е идеален за канцеларии. Малата површина која ја зафаќа му овозможува на скенерот удобно да се смести на преполните работни маси. Функцијата поврзи-и-скенирај може да се активира со едноставно поврзување на скенерот со кој било компјутер или Mac. Уникатниот вграден софтвер CaptureOnTouch Lite на Canon е подготвен за употреба – нема потреба од вчитување на драјвери или софтверски апликации.
Наменски скенер за ID картички P-215 располага со сопствен наменски отвор за скенирање на картички, бидејќи потребата за скенирање на картички станува сè поголема при проверката на идентитетот. Софистицираниот механизам за снабдување со префрлување овозможува брзо скенирање на ID картички и картички со релјеф.
Подобра обработка на слика Напредната технологија овозможува скенирање со голема прецизност до 600dpi. Големата палета на функции за обработка на слика, како автоматско откривање на боја, автоматско препознавање на ориентација на текст, обезбедуваат скенирање со врвен квалитет кој е идеален за создавање на PDF документи со можност за пребарување.
Директно скенирање во Cloud Корисниците имаат можност директно да скенираат во разни услуги на Cloud, меѓу кои и Evernote, GoogleDocs™ и SharePoint. Ова овозможува брзо преснимување информации на Cloud, за пристап во секое време и од секое место.
Моќен софтверски пакет P-215 ги користи и двата драјвери ISIS и TWAIN за да овозможи едноставна интеграција со вашата стандардна апликација за обработка на слики и вклучува целосен пакет софтверски апликации кои ќе им помогнат на корисниците да работат поефикасно. Интуитивниот интерфејс на софтверот CaptureOnTouch од Canon го олеснува скенирањето. Тој се одликува со целосен автоматски режим, кој автоматски ги применува најдобрите подесувања за задачите кои се скенираат. PageManager (Mac) и PaperPort (Windows) обезбедуваат ефикасно управување со фајлови и алатки за конверзија. А благодарение на апликацијата BizCard, скенирањето на бизнис картички никогаш не било полесно
Комплети за развивачи на софтвер Достапни за CaptureOnTouch и CaptureOnTouch Lite (вградени во скенерот), на развивачите на софтвер им овозможуваат беспрекорна интеграција на P-215 со прилагодени софтверски апликации и поврзување со апликации од 3-ти производители.
|