За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Скенери за брзо скенирање документи > ScanFront 220

Canon ScanFront 220
Скенери за брзо скенирање документи

Лесно скенирајте, меморирајте и споделувајте ги документите со нашиот нов скенер на документи, ScanFront 220/220P. Тој се поврзува директно на вашата мрежа, така што никогаш не било полесно да се работи заедно во тим.

Карактеристики

  • Компактно, мрежно скенирање на работната површина
  • Брзо и сигурно
  • 8,5 “ екран во боја, чувствителен на допир, за едноставно ракување
  • Моментален мрежен пристап - без дополнителен хардвер или софтвер
  • Лесна конфигурација
  • Робусно обезбедување - вклучувајќи потврда на идентитет со отисок од прст.
Понатамошни информации

Скенирањето и споделувањето информации со вашите колеги не може да биде поедноставно. Новиот мрежен скенер на документи во боја на Canon, ScanFront 220/220P, дава нова дефиниција за лесно-ракување, благодарение на огромниот екран во боја, кој реагира на допир, и на моменталниот мрежен пристап - без дополнителен хардвер или софтвер.

Лесно скенирање
ScanFront 220/220P ги прави скенирањето и дистрибуцијата на информации многу лесни. Само ставете го документот во фахот за вовлекување, за скенирање, и изберете ја соодветната икона за да одредите каде сакате да го испратите: адреса за е-пошта, ftp адреса, мрежна папка или USB стик меморија.

Толку е лесен за ракување, што можете да го користите насекаде во фирмата: одделот за маркетинг, продажба, одделот за финансии или во тимовите за администрација и логистика.

Компактен и подготвен
ScanFront 220/220P е лажливо мал и можете удобно да го сместите на аголот од некое биро. Затворете ги фаховите за документи и тој ќе стане уште помал. Нема потреба од хардвер или софтвер - ScanFront 220/220P едноставно се вклучува директно во вашата мрежа.

Едноставен, но продуктивен
Јасниот и голем 8,5” екран во боја, чувствителен на допир, е конструиран да направи сета работа да биде без напор. Пред да испраќате, можете детално да ги пребарувате, ротирате и зумирате скенираните слики за да се уверите дека секојпат ќе имате совршени резултати. Копчињата за работни задачи можат исто така да се нагодат за извршуваат редовни задачи на скенирање со само еден допир.

Врвните брзини на скенирање од 26 страници во минута (при 150 dpi) во црно-бело/сива скала и 16 страници во минута во боја, обезбедуваат максимална продуктивност. Соодветно на тоа, двостраните брзини се 52 и 16 слики во минута. За најдобар квалитет може да се користи оптимална резолуција од 600 dpi.

Напредните опции како автоматско откривање големина, прекршување во марго и елиминирање пречки во позадина, автоматско поправање на искосување, прескокнување на празна страница и функционалноста за OCR, обезбедуваат максимална продуктивност. А сигурната технологија на вовлекување - која вклучува напредно откривање на двојно вовлекување* - значи дека доверливо може да се обработува се од документи во А4, до релјефни визит-картички од 300 g/m2.

Напредна безбедност
ScanFront 220/220P може многу едноставно да се конфигурира за корисниците да мора да внесат име и лозинка пред скенирање и испраќање на документ. Како алтернатива може да се користи систем со потврда на идентитет преку отисок од прст*. Некои специфични функции може да се постават како недостапни за одредени корисници, а датотеките во PDF може да се шифрираат пред испраќање - со тоа што ќе може да се земат само со соодветна лозинка.

* Ултразвучно откривање на двојно вовлекување и потврда на идентитет се достапни само кај ScanFront 220P.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Софтвер & драјвери
Брошури
Софтвер
CapturePerfect
CapturePerfect SDK
  © Заштитени авторски права 2012 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба