Сигурно скенирање преку мрежа Во мрежните скенери ScanFront 220e и 220eP е вграден софтверот eCopy ShareScan, кој ја подобрува ефикасноста во канцеларијата благодарение на моќните функции за снимање и дистрибуција и нуди беспрекорна интеграција во голем број деловни апликации.
Едноставно скенирање Големиот 8,5 инчен екран на допир во боја и софтверот eCopy ShareScan обезбедуваат интуитивен кориснички интерфејс, овозможувајќи брзо и лесно скенирање кон повеќе дестинации - како што е e-mail, мрежни фолдери, испраќање факс преку интернет или директно на работната површина на корисникот. Документите може целосно да се прегледуваат во боја пред да се испратат, со што се овозможува вршење на брзи прилагодувања.
Продуктивен и разновиден Компактниот дизајн овозможува удобно поставување на ScanFront 220e/220eP во мали канцелариски простори, а корисниците можат да уживаат во разновидно ракување со хартија, брзо скенирање и зголемена продуктивност на работното место.
Покрај тоа, алатката eCopy Quick Connect овозможува автоматизирање на деловните работни процеси, користејќи софистицирани функции како скенирање од база на податоци и скенирање кон повеќе дестинации.
Едноставна администрација и зголемена безбедност ScanFront 220e/220eP и софтверот eCopy ShareScan нудат највисоки нивоа на безбедност, а моделот 220eP дополнително користи проверка на идентитет преку отпечатоци. Администрацијата за еден или повеќе уреди лесно може да се раководи централно, со ажурирања кои се вршат преку мрежата – дури и за уреди во оддалечени локации.
Совршена интеграција За динамична системска интеграција во системи за управување со содржини, како што се Microsoft Sharepoint, Captaris RightFax, Interwoven Worksite и EMC Documentum, достапни се дополнителни eCopy приклучоци. Тие овозможуваат интелигентно снимање и претворање на документи во значајни деловни податоци кои лесно можат да се интегрираат во деловните работни процеси и апликации.
|