Дизајн кој ќе ви заштеди простор ScanFront 300/300P е едноставен за користење, лесен за управување и нуди најмали димензии во својата класа, кои ви овозможуваат да го поставите речиси насекаде во канцеларијата. Благодарение на стилскиот и робустен дизајн, тие одлично се вклопуваат во просториите за услуги за потрошувачите и лесно можат да се забележат.
Зголемете ја продуктивноста ScanFront 300/300P ви помага во извршувањето на работните процеси и намалувањето на трошоците со продуктивна брзина на скенирање до 30стр./мин. / 60слики/мин. Канцелариските работници можат брзо и безбедно да испраќаат документи до разни дестинации во мрежата, вклучувајќи и испраќање кон повеќе дестинации истовремено - заштедувајќи време и пари.
Практично ракување ScanFront 300/300P им нуди едноставно и практично доживување на корисниците. Големиот high-definition екран на допир во боја им нуди брза и доверлива навигација низ менијата на тимовите, додека персонализираните копчиња за задачи обезбедуваат брза и прецизна дистрибуција на фајлови.
Робустна безбедност Напредните функции за безбедност ви помагаат при одржувањето контрола на важните информации. Безбедносна проверка на идентитет на корисник и препознавање на отпечатоци од прсти (само ScanFront 300P) кои спречуваат неовластен пристап до корпоративната мрежа. За дополнителна заштита, можете да го ограничите пристапот на индивидуални корисници до одредени функции за скенирање.
Практично далечинско управување Мрежните скенери ScanFront 300/300P се едноставни за употребување и управување и ги намалуваат IT трошоците. За да додадете скенер во мрежата не е потребен дополнителен хардвер или софтвер. IT менаџерите можат далечински да ажурираат, архивираат и обновуваат повеќе уреди преку едноставен веб-пребарувач, или истовремено со ScanFront Administration Tool.
Совршена интеграција Интегрирањето со системите за управување со документи е едноставно благодарение на прилагодениот индексен фајл и именувањето на фајловите со слики, овозможувајќи полесна класификација и пронаоѓање на фајловите.
Сигурност на која може да и верувате Благодарение на директната патека на хартијата и робустниот механизам за снабдување, можете да бидете сигурни при скенирањето на различни тежини и големини во исто време. Ултразвучниот сензор за двојно повлекување кај ScanFront 300P го спречува пропуштањето на преклопени документи.
Позитивно влијание за екологијата Со пониска потрошувачка на енергија до 70% од сличните производи, ScanFront 300/300P ќе ви помогне во исполнувањето на целите за намалување на потрошувачката на енергија на вашата компанија.
Уникатно и едноставно прилагодување За програмерите е достапен Software Development Kit за развивање на уникатни решенија за скенирање и снимање со мрежниот скенер ScanFront. Дополнителни информации се достапни преку програмата за развој на деловни решенија (BSDP) на Canon.
|