Совршени копии за домашни канцеларии и за мали претпријатија Со iR1018 ќе прикажете професионална слика во секоја прилика. На вашето биро можете да копирате црно-бели деловни документи во A4, со 18 страници во минута и со впечатливи 1200 dpi, во подобрен режим. А со двостраното печатење вклучено како стандард, истовремено ќе оставите добар впечаток и ќе ја намалите загубата.
Штеди простор и може да се подесува Констуиран специфично за да помогне во зголемување на продуктивноста на малите претпријатија и канцелариски работни групи, iR1022iF е компактен изведувач со големи идеи. Со конфигурација од 600 листови на линија, капацитетот по потреба може да го зголемите до значителни 1.100 листови А4.
Грижа за животната средина Иновативната технологија за поправка по потреба овозможува автоматско иницирање на режим на спиење кој штеди енергија, кога уредот не е во употреба. Кога треба, уредот е повторно целосно подготвен за работа за помалку од 5 секунди - одличен начин да се намали потрошувачката на струја, без да се влијае врз продуктивноста.
Производните методи, грижливи кон животната средина, гарантираат дека машината е во согласност со Европските директиви RoHS и WEEE*, кои забрануваат употреба на олово и опасни материи во производниот процес. Покрај тоа, машината е во согласност и со меѓународната програма Energy Star.
*Ограничување на опасни супстанци (RoHS) и Директивата на ЕУ за Отпад од електрична и електронска опрема (WEEE)
|