Одлична комуникација за домашни канцеларии и за мали претпријатија. iR1022A ви помага да бидете попродуктивни со помалку напор. Копирајте големи извештаи со механизмот за вовлекување документи или печатете двострани презентации , сето тоа со брзи 22 страници во минута. Додадете режим за штедење енергија со моментално обновување и го имате идеалното решение за домашни канцларииили за мали претпријатија, на кои им требаат брзи и економични резултати.
Одличен за големи документи Кога треба да копирате големи документи, одлично е да ја имате флексибилноста да го сторите тоа на вашето биро и тоа за кратко време. Благодарение на вградениот механизам за вовлекување документи и на електронското сортирање, iR1022A можете да го оставите да ја заврши работата без многу возбудување.
Лесно мрежно интегрирање Вие не сте единствените кои ќе имаат корист од зголемената продуктивност што ја овозможува iR1022iF. iR1022iF може лесно да се поврзе на вашата мрежа, така што и колегите ќе имаат корист. Мрежното печатење е овозможено со јазикот за печатачи UFR II Lite, со напредни перформанси, сопственост на Canon, а исто така дадена е и PCL опција за печатење.
Штеди простор и може да се подесува Констуиран специфично за да помогне во зголемување на продуктивноста на малите претпријатија и канцелариски работни групи, iR1022iF е компактен изведувач со големи идеи. Со конфигурација од 600 листови на линија, капацитетот по потреба може да го зголемите до значителни 1.100 листови А4.
Грижа за животната средина Иновативната технологија за поправка по потреба овозможува автоматско иницирање на режим на спиење кој штеди енергија, кога уредот не е во употреба. Кога треба, уредот е повторно целосно подготвен за работа за помалку од 5 секунди - одличен начин да се намали потрошувачката на струја, без да се влијае врз продуктивноста.
Производните методи, грижливи кон животната средина, гарантираат дека машината е во согласност со Европските директиви RoHS и WEEE*, кои забрануваат употреба на олово и опасни материи во производниот процес. Покрај тоа, машината е во согласност и со меѓународната програма Energy Star.
*Ограничување на опасни супстанци (RoHS) и Директивата на ЕУ за Отпад од електрична и електронска опрема (WEEE)
|