За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Канцелариски црно-бели печатачи > iR 1024F

Canon iR 1024F
Канцелариски црно-бели печатачи

Компактниот iR1022F нуди впечатлива моќ на комуникација од една мултифункционална единица на бирото. Печатете, копирајте и праќајте факс со 22 страници во минута - тоа е одличен начин да обезбедите се да биде готово навреме.

Карактеристики

  • Печатете / копирајте / испраќајте факс со 22 страници во минута
  • Двострани документи
  • Механизам за вовлекување документи
  • Извонредна резолуција од 1200 dpi
  • Ракување на самото биро - одлично за мали претпријатија
  • Лесно поставување на мрежа
  • Штедење енергија & моментално обновување
  • Грижлив кон животната средина
Понатамошни информации



Одлична комуникација за домашни канцеларии и за мали претпријатија.
iR1022A ви помага да бидете попродуктивни со помалку напор. Копирајте големи извештаи со механизмот за вовлекување документи, печатете двострани презентации или испраќајте факсови директно од вашето биро - сето тоа со брзина 22 страници во минута. Додадете режим за штедење енергија со брзо обновување и го имате идеалното решение за домашни канцларииили или мали претпријатија, на кои им требаат перформанси со кои се завршува пред рокот.

Одличен за испраќање факсови и за големи документи
Кога треба да копирате или да испраќате големи документи по факс, одлично е да имате флексибилност да го сторите тоа на вашето биро и тоа за кратко време. Благодарение на вградениот механизам за вовлекување документи и на електронското сортирање, iR1022iF можете да го оставите да ја заврши работата без паника. Со помош на вградениот модем, праќањето факсови е брзо, а за дополнителна продуктивност можете да сочувате до 200 броја во меморијата.

Лесно мрежно интегрирање
Вие не сте единствените кои ќе имаат корист од зголемената продуктивност што ја овозможува iR1022iF. iR1022iF може лесно да се поврзе на вашата мрежа, така што и колегите ќе имаат корист. Мрежното печатење е овозможено со јазикот за печатачи UFR II Lite, со напредни перформанси, сопственост на Canon, а исто така дадена е и PCL опција за печатење.

Штеди простор и може да се подесува
Констуиран специфично за да помогне во зголемување на продуктивноста на малите претпријатија и канцелариски работни групи, iR1022iF е компактен изведувач со големи идеи. Со конфигурација од 600 листови на линија, капацитетот по потреба може да го зголемите до значителни 1.100 листови А4.

Грижа за животната средина
Иновативната технологија за поправка по потреба овозможува автоматско иницирање на режим на спиење кој штеди енергија, кога уредот не е во употреба. Кога треба, уредот е повторно целосно подготвен за работа за помалку од 5 секунди - одличен начин да се намали потрошувачката на струја, без да се влијае врз продуктивноста.

Производните методи, грижливи кон животната средина, гарантираат дека машината е во согласност со Европските директиви RoHS и WEEE*, кои забрануваат употреба на олово и опасни материи во производниот процес. Покрај тоа, машината е во согласност и со меѓународната програма Energy Star.

*Ограничување на опасни супстанци (RoHS) и Директивата на ЕУ за Отпад од електрична и електронска опрема (WEEE)

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Драјвери
Брошури
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба