Одлична комуникација за домашни канцеларии и за мали претпријатија. Дополнителната интелигенција му помага на iR1022iF да се издвојува како мултифункционален печатач со вистинска моќ. Копирајте големи извештаи со механизмот за вовлекување документи, печатете двострани презентации во црно-бело, испраќајте факсови или скенирајте и испраќајте во боја, директно од вашето биро - сето тоа со брзи 22 страници во минута. Додадете режим за штедење енергија со моментално обновување и го имате идеалното решение за домашни канцларииили за мали претпријатија, на кои им требаат интелигентни перформанси со кои се завршува пред рокот.
Интелигентна комуникација Кога треба да копирате големи документи, одлично е да ја имате флексибилноста да го сторите тоа на вашето биро и тоа за кратко време. Благодарение на вградениот механизам за вовлекување документи и на електронското сортирање, iR1022iF можете да го оставите да ја заврши работата без паника.
Способноста за комуникација е зголемена со интелигентните можности за испраќање на iR1022iF. Документите може да се скенираат во боја преку механизмот за вовлекување документи, а потоа да се испраќаат директно до e-маил адреси – вистинско штедење на времето, каде што брзи одлуки одат во прилог на крајниот резултат.
Лесно мрежно интегрирање Вие не сте единствените кои ќе имаат корист од зголемената продуктивност што ја овозможува iR1022iF. iR1022iF може лесно да се поврзе на вашата мрежа, така што и колегите ќе имаат корист. Мрежното печатење е овозможено со јазикот за печатачи UFR II Lite, со напредни перформанси, сопственост на Canon, а PCL печатењето е дадено како стандард.
Штеди простор и може да се подесува Констуиран специфично за да помогне во зголемување на продуктивноста на малите претпријатија и канцелариски работни групи, iR1022iF е компактен изведувач со големи идеи. Со конфигурација од 600 листови на линија, капацитетот по потреба може да го зголемите до значителни 1.100 листови А4.
Грижа за животната средина Иновативната технологија за поправка по потреба овозможува автоматско иницирање на режим на спиење кој штеди енергија, кога уредот не е во употреба. Кога треба, уредот е повторно целосно подготвен за работа за помалку од 5 секунди - одличен начин да се намали потрошувачката на струја, без да се влијае врз продуктивноста.
Производните методи, грижливи кон животната средина, гарантираат дека машината е во согласност со Европските директиви RoHS и WEEE*, кои забрануваат употреба на олово и опасни материи во производниот процес. Покрај тоа, машината е во согласност и со меѓународната програма Energy Star.
*Ограничување на опасни супстанци (RoHS) и Директивата на ЕУ за Отпад од електрична и електронска опрема (WEEE)
|