За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Канцелариски црно-бели печатачи > iR 3235N

Canon iR 3235N
Канцелариски црно-бели печатачи

iR3225N на Canon поставува нови стандарди за продуктивна, економична црно-бела комуникација на документи.

Карактеристики

  • Мултифункционално, безжично печатење со висок квалитет
  • Ефикасно управување и контрола на трошоците
  • Зголемена безбедност
  • Професионална завршна обработка на документи
  • Широка софтверска компатибилност за дополнителна продуктивност
  • Штеди енергија и се грижи за животната средина
Понатамошни информации



Продуктивна комуникација
Со комбинација на моќни алатки, контрола на трошоците и безбедноста, iR3225N е безжичниот, мултифункционален уред за бизниси со напреден начин на размислување.

Наместо да ја натрупате канцеларијата со безбројни фактури, iR3225N го штеди просторот и го прави сето тоа во едно компактно, мултифункционално решение, кое ви помага ефикасно да печатите, копирате, испраќате факсови, скенирате и испраќате документи. Дали ќе ракувате од своето биро или преку неговиот голем, јасен ТФТ сензорски екран во боја, iRiR3225N ви овозможува ефективна комуникација на дофат на прстите. А по потреба може да се вгради и систем со гласовно активирање.

Произведувајте документи со висок квалитет, со концизни, јасни отпечатоци, со величествени 1200 dpi на 25 страници во минута, со користење на PS/PCL, или на некој од уникатните UFRII на Canon, за зголемени брзини на мрежна обработка. Опциите за професионална завршна обработка и флексибилното снабдување со хартија го чинат лесно производството на захефтани или продупчени извештаи, влијателни брошури и понуди за клиентите на голем асортиман од различни медиуми и големини.

Со помош на i-Send, на Canon, документите исто така може да се скенираат во боја, моментално да се шифрираат и потоа безбедно да се испратат како PDF.

Цврста контрола на трошоците
Во денешнава клима нема поважно од контролата на трошоците, а iR3225N го става тоа на врвот на вашиот список. Со изборниот софтвер uniFLOW на Canon ќе добиете детален увид во тоа, кој, што и каде печати, и колку ве чини тоа. Тој исто така ви дозволува автоматски да го насочите печатењето до најекономичниот уред во мрежата или да ги контролирате нивоата на извршена работа за секое одделение.

Безбеден и сигурен
Пристапот на уредот се контролира со лозинки, со процедура за најава на вашата компанија, па дури и со отпечатоци од прст. Документите може да се чуваат во безбедни поштенски сандачиња, се додека соодветниот корисник не биде подготвен да ги печати на уредот. Документите може и да се шифрираат пред да се испраќаат до други, а може да се користат и водени печати. Доколку е потребно, цврстите дискови на уредот може да се избришат или да се шифрираат, а „дневниците за работа“ да се сокријат.

Лесен за ИТ
iR3225N се испорачува „подготвен за мрежа“, така што инсталирањето кон вашата мрежа е лесна задача. А користењето на iW Management Console (iWMC), на Canon, овозможува централизирано, далечинско управување со iR3225N и сите ваши мрежни уреди.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Драјвери
Брошури
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба