Компактни и евтини црно-бели копири со можност за локално печатење Новата палета на копири кои заштедуваат простор обезбедува копирање со висока ефикасност плус локално печатење преку USB. Тие се идеални за мали и динамични работни групи на кои им треба продуктивно решение со ниска цена.
Бидете попродуктивни Корисниците може да завршат повеќе работа за пократко време, со помош на 5-линискиот LCD екран со задно осветлување, кој е едноставен и интуитивен за користење. Со висококвалитетните копии при брзина од 20 страни во минута и исклучителен одзив – време од 7,9 секунди за излегување на првата копија – imageRUNNER 2318 ќе ви заштеди време.
Големини кои можат да се менуваат за да ги задоволат вашите потреби. Овие компактни модели може да се конфигурираат за да се справат со големи предизвици. Со изборот од дополнителни фиоки за хартија, може да го изберете капацитетот кој најдобро ќе ги задоволи вашите потреби – до 1.080 листови во повеќе големини на хартија до A3. Во другите опции спаѓаат мрежно печатење и скенирање, двострано печатење и хефтање. Значи, без разлика какви се вашите потреби, може да очекувате професионални перформанси и врвни резултати кои ви се потребни.
Одлична сигурност и поддршка Со подобрената издржливост и услужливост се добива висококвалитетно континуирано печатење и ослободување од грижите. Услугата и поддршката на светско ниво од Canon обезбедува експертска инсталација, обука и услуги на локација, плус претходно утврдени договори на ниво на услуга. Со плаќањето преку кликнување плаќате само за тоа што го печатите, што ви овозможува да имате поголема контрола на трошоците. Нашиот приоритет е одлична целосна услуга на потрошувачите – 93%* од потрошувачите се задоволни од времето кое било потребно за поправка на нивната опрема. *Базирано на TNS NIPO, анкета извршена по сервисирањето. Податоци во периодот од јануари до јули 2009 година. Учествувале 16.059 потрошувачи.
Водат сметка за екологијата Овие EnergyStar сертифицирани модели нудат импресивна енергетска ефикасност, со потрошувачка од едвај 4,5 вати енергија во режим на мирување, со што заштедуваат енергија и пари. Благодарение на технологијата за фиксирање по потреба на Canon можно е брзо враќање во функција од режим на мирување, така што заштедувате енергија без да влијаете врз продуктивноста.
|