Овој компактен уред нуди евтино црно-бело печатење за мали и средни работни групи до 45 страни/копии во минута, скенирање во боја и напредна дигитална i-Send функционалност. Со интуитивниот екран на допир, одличната енергетска ефикасност и внатрешната единица за завршна обработка, овој уред ќе ви заштеди време и пари.
|
- Печатење, копирање, скенирање, i-Send и изборен факс
- До 45 страни/копии во минута, време од 3,9 секунди за излегување на првата копија
- Максимален капацитет за хартија до 2.300 листови
- Компактен дизајн и интуитивен екран на допир
- Можност за поврзување во мрежа, контролен јазик за печатач (PCL) и изборна поддршка за PostScript
- Напредни опции за конфигурирање
- Енергетска ефикасност
|
Евтина продуктивност на работната група преку еден повеќефункционален уред Новата imageRUNNER 2500 серија на црно-бели повеќефункционални уреди им овозможуваат на малите и средните бизниси да постигнат поголема продуктивност, а истовремено да заштедат простор и пари. Благодарение на широкиот избор на брзини и конфигурации, imageRUNNER 2500 серијата обезбедува евтино печатење, копирање, скенирање во боја и напредно i-Send дистрибуирање документи во мрежните фолдери и e-mail – сето тоа со еден практичен уред.
Бидете попродуктивни Големиот екран на допир со интуитивни менија ја прави imageRUNNER 2500 серијата едноставна за користење, овозможувајќи им на корисниците да заштедат време и пари. i-Send во боја ја зголемува продуктивноста и ги трансформира деловните процеси. Корисниците можат брзо и ефикасно да скенираат во боја на повеќе дестинации, во кои спаѓаат мрежата и FTP фолдерите, како и e-mail адресите. Напредното LDAP пребарување го прави дистрибуирањето на e-mail побрзо и полесно преку брза резолуција на адреси, со што се подобруваат работните процеси во канцеларијата. Освен тоа, овие модели нудат практично скенирање директно на USB мемориски уред.
Брз одзив Дневните побарувачки за црно-бело печатење можат да се задоволат со брзини до 45 страни во минута, време до излегување на првата копија од само 3,9 секунди и навистина брзо враќање во функција од режим на мирување. Во комбинација со капацитетот за хартија до 2.300 листови, овие повеќефункционални печатачи (MFP) се идеални за мали и средни динамични работни групи со голем обем на печатење и копирање.
Печатење со висок квалитет и флексибилно управување со медиуми Серијата imageRUNNER 2500 нуди извонреден квалитет на печатење со 1.200 dpi* и големина до A3 со изборно хефтање и завршна обработка со подредување. * Со UFRII-LT драјвер.
Одлична сигурност и поддршка Со подобрената издржливост и услужливост се добива висококвалитетно континуирано печатење и ослободување од грижите. Алатката e-Maintenance на Canon може дополнително да го зголеми времето на работа преку можноста за далечинско дијагностицирање, како и да обезбеди автоматско мерење и надгледување на потрошните материјали, со цел да се намалат административните трошоци. Услугата и поддршката на светско ниво од Canon обезбедува експертска инсталација, обука и услуги на локација, плус претходно утврдени договори на ниво на услуга. Со плаќањето преку кликнување плаќате само за тоа што го печатите, со што имате можност за поголема контрола на трошоците. Нашиот приоритет е одлично целосно доживување на потрошувачите – 93%* од потрошувачите се задоволни од времето кое било потребно за поправка на нивната опрема. *Базирано на TNS NIPO анкета извршена по сервисирањето. Податоци во периодот од јануари до јули 2009 година. Учествувале 16.059 потрошувачи.
Лесно управување и интегрирање Сите уреди лесно може да се поврзат со вашата IT мрежа, како и да се интегрираат во постоечките IT системи со поддршка за PCL и изборна поддршка за PostScript. Штом ја поврзете, iW конзолата за управување (iWMC) ви овозможува да го надгледувате и управувате вашиот тим, од една контролна точка. Управувањето со ID за оддели ги заштитува важните параметри и помага во надгледувањето и контролата на трошоците за печатење. За понапредно безбедно печатење, "follow me" печатење или пресметување трошоци, овие уреди може да се надградат за да бидат компатибилни со uniFLOW Output Manager.
Мало влијание врз животната средина Овие EnergyStar сертифицирани модели нудат исклучителна енергетска ефикасност, со потрошувачка од едвај 1,5 вати енергија во режим на мирување, со што заштедуваат енергија и пари. Високо-продуктивното двострано печатење, како стандард, ви заштедува повеќе пари и време, како и хартија.
|