Основан врз новата иновативна платформа imageRUNNER ADVANCE од Canon, 6075 претставува повеќефункционално решение за еднобојни документи, дизајнирано за дополнување на целосниот циклус на документите, во исто време обезбедувајќи поддршка за вашите безбедносни и еколошки цели.
Едноставно користење 6075 располага со 8,4” SVGA екран на допир во боја со брз одзив и кориснички интерфејс кој едноставно се користи и прилагодува. Чекор по чекор водичите ќе ви помогнат да научите како да го користите уредот.
Сеопфатна продуктивност 6075 нуди комбинација од сигурна платформа со импресивни излезни брзини, брзо скенирање и непречена интеграција за да обезбеди целосна продуктивност на работните процеси.
Скенирањето до 200 слики/мин им овозможува на корисниците ефикасно да скенираат кон повеќе дестинации, во кои спаѓаат канцелариските системи како Microsoft SharePoint™.
Поддршката за различни формати на фајлови - како Adobe® PDF, Adobe® PDF/A-1b и PDF/XPS со можност за пребарување/висока компресија - ги подобруваат можностите за користење на документите. Скенираните документи може да се уредуваат и коментираат преку Adobe Reader дополнителни компоненти на PDF - далеку поефикасно отколку работните процеси базирани на хартија.
Исто така, може да се конфигурираат многу моќни опции за завршна обработка. Можно е да се изврши и вметнување, правење дупки, печатење брошури, како и C/Z превиткување.
6075 стандардно ја содржи UFRII технологијата за печатење во сопственост на Canon. Достапни се и изборни Adobe® PostScript® 3, PCL 5e/6 и сервер за печатење imagePASS-U1 основан на Fiery.
Исклучителна безбедност Документите можат да бидат безбедни во текот на целиот животен циклус - од скенирањето па сè до споделувањето, архивирањето и печатењето. На основно ниво, системот за управување на пристап го ограничува пристапот по корисник, група, улога, па дури и функција, како што е универзалното испраќање.
Интеграцијата со uniFLOW OM решението им овозможува на корисниците безбедно да печатат од секој уред на мрежата. Комплетот за заклучување на скенирањето на документи спречува неовластено скенирање или копирање на хартиени документи. Пристапот до заедничките документи може да се контролира преку интеграција со Adobe LiveCycle Rights Management Server ES. Другите опции како што се шифрирање, бришење податоци и отстранливи хард дискови обезбедуваат поголема безбедност за организациите кои работат со чувствителни податоци.
Револуционерни еколошки признанија Серијата imageRUNNER ADVANCE е првата која користи висококвалитетна био-пластика која е отпорна на оган, изработена од органски ресурси од растително потекло. Режимот на мирување ја намалува потрошувачката на дури 1,5W, а малите нивоа на шум создаваат подобро работно опкружување. Исто така, секој уред се придржува до Energy Star и RoHS.
|