imageRUNNER ADVANCE C7065i е дел од новата револуционерна серија на Canon и претставува целосно интегрирано решение за документи, дизајнирано за дополнување на секоја фаза од животниот циклус на документите, во исто време обезбедувајќи поддршка за вашите безбедносни и еколошки цели.
Лесно користење и прилагодување
C7065i располага со голем 8,4-инчен SVGA екран во боја со висока дефиниција, на кој се наоѓаат икони кои го олеснуваат ракувањето. Корисниците можат да го прилагодат бројот на копчиња на екранот, па дури и сликата за позадина на екранот, со избор од 8 позадини за вклопување во секоја канцелариска околина. Сложените или често извршуваните задачи можат да се претворат во едноставни задачи со едно допирање на копче, преку поставување на лични работни процеси.
Продуктивно, висококвалитетно печатење
C7065i ги нуди најострите и најживописните печатени материјали во боја кои можат да се замислат. Без разлика дали печатите во боја или во црно-бел формат, уредот ја задржува својата продуктивност од 65 стр/мин.
Моќните опции за завршна обработка им овозможуваат на корисниците да создаваат извештаи со направени дупки, привлечни брошури и рекламни материјали за поштенска достава, со можност за C и Z превиткување на нивните креации. За поголем ефект може да се користат медиуми од 300g/m2, SRA3 или мешани медиуми, како на пр. обложена хартија.
Споделување на документи и интеграција
Продуктивната брзина на скенирање до 200 слики/мин им овозможува на корисниците брзо и без напор да скенираат кон мноштво дестинации како е-mail, FTP и споделени фолдери. Или пак, можно е интегрирање во канцелариските системи како Microsoft SharePoint™.
Поддршката за различни формати на фајлови - како PDF, PDFa1b, OOXML и компактни PDF фајлови со можност за пребарување, ги подобрува можностите за користење на документите, зголемувајќи ја продуктивноста. Понатаму, можностите на Adobe Reader Extensions PDF софтверот дозволуваат скенираните документи лесно да се коментираат и уредуваат со функционалноста на Adobe Reader - далеку поефикасно од работните процеси базирани на хартија.
Ефикасен и безбеден
Голем број алатки ви дозволуваат да ја зголемите контролата врз трошоците, на пр. со ограничување на пристапот на уредот кон некои функции. Неколку функции ви помагаат да ги заштитите документите во текот на нивниот животен циклус, како што се безбедносен воден печат, отстранување на хард дискот, шифрирање на податоците и проверка на идентитетот на уредот.
Револуционерни еколошки признанија
Серијата imageRUNNER ADVANCE е прва во светот која користи висококвалитетна био-пластика која е отпорна на оган, истовремено задоволувајќи ги еколошките стандарди како што е Energy Star преку намалување на потрошувачката на енергија и RoHS. Вклучената функција за двострано печатење ја намалува потрошувачката на хартија.
|