Сега можете брзо да печатите и да соединувате висококвалитетни документи во боја, и тоа од вашето биро. Вклучувајќи го познатиот квалитет на Canon за печатење во боја, компактниот LBP5975 нуди достапно печатење во боја на A3 / A4 - со брзи 32 страници во минута, и тоа директно од работната површина.
Ви треба брзо и практично печатење? Квалитетното печатење не е само задача на поголемите, мултифункционални уреди. LBP5975 е мал по големина за A3 печатач (со димензии од само 545 x 670 x 442 mm), но е голем по перформансите, овозможувајќи ви да произведувате живописни документи во боја, со многу професионален изглед, со тоа што првите отпечатоци се достапни за само 7,5 секунди. Тој е и неверојатно прикладен, со тоа што се е достапно од предниот дел на уредот - вклучувајќи ги и тонерите и хартијата - правејќи ги употребата и општото одржување без напор.
Корисниот резервен бројачи овозможува да го надгледувате печатењето, а Canon-помошната програма на Canon за eОдржување ви овозможува автоматско пријавување на проблемите во сервисните центри или кај партнерите на Canon.
Ви треба флексибилно и продуктивно печатење? Можете да печатите на разновидни медиуми, од 64gsm до подебели топови од 220gsm, како и на коверти. Вака е лесно да се избере соодветниот медиум за секој документ што го печатите. Корисниот додаток за соединување им дава на вашите документи практична и брза завршна обработка. Плус, снабдувањето со хартија од 1970 листа спречува постојано дополнување, со што се постигнува дополнителна продуктивност.
Користете го LBP5975 како ваш личен печатач или како печатач во мрежа на помали групи корисници. Имате дури и опција безжично да се приклучите во вашата мрежа (LAN), така што ќе можете да го ставите уредот каде што вам ви е најпрактично.
Ви треба да ги обезбедите информациите? Опцијата на цврст диск ви дава дополнителни можности кога го споделувате LBP5975 во мрежа со други корисници. Цврстиот диск може и да се шифрира или да се избрише, спречувајќи неовластен пристап до доверливи информации.
Сакате да бидете ефикасни и да се грижите за животната средина? Нема време на загревање од режимот на штедење енергија, кој автоматски се повикува кога уредот не се користи. А со печатењето на двете страни од листот ќе заштедите хартија и ќе ги намалите трошоците.
Производните методи, грижливи кон животната средина, гарантираат дека машината е во согласност со Европските директиви RoHS и WEEE*, кои забрануваат употреба на олово и опасни материи во производниот процес. Покрај тоа, LBP5975 е во согласност и со меѓународната програма Energy Star.
|